Европа
Во Брисел тревогата на највисоко ниво и антитерористичка операција, во понеделник затворени училиштата

Белгија во неделата одлучи да го задржи највисокото ниво на тревога од опасност од можни терористички напади во главниот град Брисел, поради што ниту во понеделник нема да биде во сообраќај подземната железница, а сите училишта во Брисел ќе бидат затворени, изјави белгискиот премиер Шарл Мишел, а истовремено медиумите пренесуваат дека во центарот на белгиската престолнина започнала антитерористичка операција.
Според очевидци, кои говорат за телевизијата RTBF и весникот Libre Belgique, значително е присуството на војници и полицијата во областа на централниот бриселски плоштад Гран плас, кои преку разглас ги предупредуваат граѓаните да не приоѓаат до прозорците. Безбедносните сили блокирале неколку улици кои водат кон Гран плас и Ру ди МидиНеколку минути претходно телевизијата RTL јави дека е блокиран хотелот „Radisson Blue“, на околу 300 метри од плоштадот. Според извештајот, полицијата воспоставила безбедносен периметар околу хотелот, а во операцијата учествуваат и војници. Според непотврден информации, блокирани се влезовите и излезите од зградата, а персоналот и гостите се во хотелот.„Стравуваме од напади како оние во Париз, што значи дека некои поединци би можеле да изведат напади во Брисел на повеќе места истовремено“, изјави малку пред тоа премиерот Шарл Мишел по состанокот на националниот Совет за безбедност.Белгиските власти овој викенд на подрачјето на Брисел го воведоа 4-то највисоко ниво на тревога, додека во остатокот од земјата опасноста од можни терористички напади останува на 3-то од скала со четири нивоа. Во саботата и неделата постојките на подземната железница останаа затворени, како и трговските центри и повеќето продавници и локал во центарот на градот. Премиерот Мишел повтори дека „постојат индикации дека цели на нападите би можеле да бидат шопинг центри и улици со поголема концентрација на продавници“. Како последица на одлуката за продолжување на тревогата на највисокото можно ниво училиштата и факултетите во Брисел ќе останат затворени во понеделник, додека јаслите и детските градинки ќе работат за да им се овозможи на родителите да одат на работа. Остануваат затворени, исто така, и метрото и деловите од трамвајските линии кои одат под земјата.„Ситуацијата повторно ќе биде разгледана во понеделник попладне“, рече премиерот Мишел./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин
Европа
Почнува судењето на бездомничката од Алжир, која ја силувала и убила 12-годишната Лола во Париз

Денес, почнува судењето на жена обвинета за злоупотреба, мачење и на крајот убиство на 12-годишната Лола Давиет, во случај што ја шокира Франција пред три години и предизвика политичка реакција, објавува „Гардијан“. Телото на несреќното девојче е пронајдено спакувано во пластичен ковчег фрлен на улица во близина на нејзиниот дом во Париз.
Дабија Бенкиред (27) е обвинета за тешко убиство на малолетник, тешко силување и мачење и варварски дела. Случајот предизвика длабок ужас во француската јавност. Лола Давиет се враќала од училиште во петокот на 14 октомври 2022 година.
Таа пристигнала во својот дом во 19-тиот арондисман во Париз, каде што нејзините родители работеле, веднаш по 15 часот. Снимките од безбедносните камери ја снимиле како се среќава со Бенкиред, тогаш бездомничка, која престојувала во станот на сестра ѝ во истата зграда.
Кога Лола не се појавила дома, нејзините родители кренале тревога. Еден и пол подоцна камерите ја фатиле Бенкиред во лобито на зградата опкружена со неколку ковчези вклучувајќи го и оној во кој подоцна било пронајдено телото на девојчето.
Случајот бргу доби политичка димензија кога беше откриено дека Бенкиред, која е родена во Алжир, имала наредба за депортација издадена два месеца пред убиството. Крајнодесничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен ги искористила овие информации за сопствена политичка промоција, објавува „Гардијан“.
За време на истрагата Бенкиред даде збунувачки изјави, но по серија психијатриски и психолошки прегледи, таа беше прогласена за способна да се соочи со судење. Последните три години ги помина во притвор во затворот „Фресне“, јужно од Париз.
Според францускиот закон, секој чин на сексуална пенетрација извршен со сила, принуда, закана или изненадување се смета за силување. Доколку биде осудена, Бенкиред се соочува со доживотен затвор. Се очекува судењето да трае до следниот петок, кога се очекува пресудата.
фото: принтскрин
Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан исто така рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа на телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радиото „Кошут“.
Орба, исто така објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за две недели.
„Вчера, претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе може да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин