Регион
Вучиќ бара одобрување од партијата за вонредни избори во Србија

Српскиот премиер Александар Вучиќ во недела од главниот одбор на неговата Српска напредна партија (СНС) ќе побара одобрување за одлуката околу распишувањето вонредни парламентарни избори, пренесуваат српските медиуми.
Вучиќ ја закажал седницата на Главниот одбор на СНС за 17-ти јануари, додека, пак, генералното собрание на партијата е закажано за 13-ти февруари. Српскиот премиер во вторникот изјавил дека одлуката за изборите не може да ја донесе сам и најавил дека за ова ќе разговара со соработниците, министрите и претседателот на Србија.
„Се надевам дека граѓаните на Србија наскоро ќе имаат прилика да изберат подобро“, рекол Вучиќ. Запрашан дали тоа значи дека ќе има и вонредни парламентарни избори, тој одговорил дека „сега тоа сите го сакаат“.
Опцијата за одржување на вонредни избори во српската јавност повеќепати се споменуваше за време на минатата година, а иако повеќето високи функционери на СНС се изјаснија дека сакаат избори, подоцна беше соопштено дека Вучиќ не ја поддржувал оваа опција.
Последен пат за ова се говореше во октомври, кога српскиот премиер потенцираше дека „би било неодговорно да се оди на избори“.
„Мојата одлука е да нема избори. Добро е да немаме избори уште најмалку шест месеци, бидејќи тоа би било неодговорно во момент кога ја имаме состојбата во УНЕСКО и отворањето на поглавјата. Дали ќе има избори за шест, осум или десет месеци не знам, но во наредните три, четири или пет месеци нема да има. Мојата работа е да носам одлуки во интерес на граѓаните“, нагласи тогаш Вучиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.