Контакт

Европа

Француски пратеник го поддржа прорускиот референдум на Крим

Објавено пред

Членот на делегацијата на француските парламентарци кои седмицава го посетија црноморскиот полуостров Крим кој пред повеќе од година се присоедини на Руската Федерација, Клод Гоазген, изјави во саботата дека тамошните жители имале право на референдумот со кој го изгласаа присоединувањето.

dobivaj vesti na viber

Делегацијата составена од десет француски пратеници седмицава ги посети, Крим, Јалта, Симпферопол и Севастопол и се сретнаа со тамошните локални власти и претставници на различните етнички заедници, во местата со доминантно руско население кои по соборувањето на украинскиот претседател Виктор Јанукович во февруари 2014 година преку референдум истапија од составот на Украина и се приклучија кон Русија.

Министерството за надворешни работи на Украина оваа посета на француските политичари ка оцени како „непочитување на суверенитетот на Украина и намерно кршење на законодавството на Украина. Министерството за надворешни работи на Франција, пак, патувањето на Крим на своите пратеници ги квалификуваше како нарушување на меѓународното право, имајќи предвид дека Париз како и остатокот од Западот референдумот на населението на Крим го смета за нелегален и за илегална руска анексија на украинска територија.

Уште повеќе француската дипломатија беше разгневена поради тоа што делегацијата во чиј состав имаше и претставници на француски региони, а Гоазген е градоначалник на XVI арондисман на Париз, се изразија пофално за животните услови на Крим и за состојбата со човековите права, а дадоа и изјави според коишто тие констатирале дека референдумот на кримското население се одржал „без никаква принуда или странска поддршка“. Оттаму, ним им беше ускратено правото да истапуваат од името на францускиот парламент, а и трошоците за патувањето паднаа на нивен товар.

„Тие (Западот) велат дека кримјаните немале законско право да одржат референдум. Се разбира дека имале. Зошто да немаат? Точно тоа го спаси регионот од војна“, како во источните рускојазични региони Донецк и Луганскј, изјави Гоазген на прес-конференцијата во саботата во Москва.

Во март 2014 година по неколкумесечната политичка криза во Киев започната во декември 2013-та кога тогашниот претседател Виктор Јанукович одлучи да го суспендира потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна трговија со Европската унија и откако на крајот од февруари беше соборен од власта од прозападната опозиција која го обвини за свртување на земјата кон Москва, кога новите власти во Киев назначија своја управа и го укинаа законот со што рускиот јазик го загуби статусот на службен, на 16-ти март се одржа кримскиот референдум на кој според организаторите се 96,77 отсто од избирачите гласале за присоединување на Руската Федерација, што на 18-ти март беше одобрено од руската Државна дума и Советот на Федерацијата, двата дома на рускиот парламент.

Уште во 1992 година требаше да се одржи референдум за тоа дали Крим ќе биде дел од Русија или од Украина. Меѓутоа, украинските власти со спречија референдумот, ги распуштиja тамошните органи, а тогашниот претседател на Автономната Република Крим го отстраниja од должноста, но за возврат му дадoa широка автономија со право на самоодлучувањe.

Крим останува и денес симбол на рускиот идентитет. За многу Руси овој полуостров е дел од Русија кој од 1991 година беше заробен во туѓа земја. Важноста што ја има Крим за Русија од историски, културен, воен и геополитички аспект се непроценливи.

Историјата на Крим кој Русија дефинитивно целосно го завладува кон крајот на XVIII век во времето на царицата Катерина Велика, е исполнета со симболиката на рускиот идентитет од царскиот и советскиот период. Полуостровот е место и од големо културолошко значење и за Руската православна црква, каде кнезот Владимир Велики, средновековниот владетел на Киевска Русија, претходничката на модерна Русија, го примил христијанството и го раширил меѓу својот народ. На Крим се воделе и крвавите судири во Кримските војни и во Втората светска војна.

Крим бил дел и од царска и од советска Русија повеќе од 170 години, додека советскиот комунистички челник Никита Хрушчов, етнички Украинец, со указ во 1954 година не го присоединил на Украина. Оттаму, многу Руси референдумот го гледаа и како можност да се исправи она што го сметаат за историска неправда.

Украинците, пак, не мислат да го отстапат Крим и неговото присоединување кон Русија го сметаат за нарушување на нивниот територијален интегритет и суверенитет, в што се поддржани од Западот. Се откажаа од наводна воена опција за враќање под своја контрола на полуостровот, но мислат да се борат со дипломатски и политички средства. Киев, поддржан од САД и ЕУ го прогласи референдумот за нелегитимен, а тогаш вршителот на должноста украински премиер Арсениј Јаценјук изјави дека „Украина нема да ѝ отстапи ни педа земја на Русија”./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Објавено пред

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.

dobivaj vesti na viber

„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.

Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.

Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.

Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.

Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Објавено пред

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.

dobivaj vesti na viber

„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.

Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Објавено пред

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.

dobivaj vesti na viber

Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.

Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.

Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.

Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.

По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.

Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија1 час

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...

Македонија2 часа

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ги цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинството и правото...

Топ2 часа

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Македонија4 часа

Активен еден пожар на територијата на Македонија, два под контрола, извести ЦУК

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Македонија имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е...

Европа6 часа

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет6 часа

Канада отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа6 часа

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....

Македонија7 часа

На Табановце за излез од државата се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија17 часа

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет18 часа

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...

Македонија21 час

Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е...

Топ21 час

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион24 часа

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет1 ден

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...

Македонија1 ден

Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба...

Свет1 ден

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по...

Македонија2 дена

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат...

Економија2 дена

Македонија е големо градилиште, над 1.200 проекти во општините, велат Перински и Николоски

Во моментов целата Македонија е едно големо градилиште, а само во општините се реализираат повеќе од 1.200 активни проекти поддржани...

Свет2 дена

(Видео) Украинците тешко ранија руски генерал, Абачев изгуби рака и нога по нападот

Украинските специјални сили објавија видео и детали од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет, јавува „Украинска...