Политика
Груевски: Со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ запира кризата и мрачните сценарија
По две ипол години вештачки создадена криза, таа се движи кон својот крај и таа конечно ќе заврши со убедлива победа со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, порача од Стримица во неделата вечерта лидерот на владејачката партија и на коалицијата, носител на кандидатската листа во Изборната единица 4.
Така ќе се запре кризата и ќе се стави крај на планот за мрачни сценарија по однос на нашата држава, рече Груевски и ги повика граѓаните и овие 7 дена што остануваат до 11 декември да останат со студени глави и да одлучат за судбината на Македонија.
„За жал, не може да се помират сценаристите со ова што ги чека, со овој огромен пораз кој ќе го добијат и само мислат како да испровоцираат проблем. Нервозни се, очајни и фрустрирани се затоа што не успеаја и не успеваат, а пробаа сé. Многупати тестирани сценарија во Македонија не им успеаја, затоа што нашиот народ е мудар и се гледа јасно. Нервозни се и ги знаеме многу добро дека може и да не бираат средства. Сме гледале многу примери наоколу, па и во соседството што се може да направат. Нервозни се и бараат начин како да ја продолжат кризата….,како да го одржат барем уште некое време црпнатиот, зашто нема друг таков човек кој е спремен се да продаде и се да стори само за да дојде на власт. Дури и се чуделе на што се е спремен, уникатен примерок на богаташ кој е „трчи- лажи“ и кој нема проблем со наведнување на кичмата и со блага насмевка да прифаќа сé што ќе му се каже колку и тоа да е погубно за неговата земја“, истакна Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека гласот оваа коалиција значи избор за 70.000 нови работни места во Македонија, за зголемување на платите во јавниот сектор за најмалку 10,25 отсто, за зголемување на пензиите за најмалку 10,25 отсто, за зголемување на социјалната помош за најмалку 50 проценти, за зголемување на минималната плата постепено до 14.000 до 2020-та година…, за болници и опрема за нив, за современи патишта од кои три автопати, железнички линии кон Бугарија и Грција… Гласот за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, додаде Грувески, значи глас и за рестартирање на стопанските капацитети жртви на транзицијата, како и за создавање на рурални развојни зони.
Конкретно набројувајќи ги планираните инвестиции во земјата и во Струмица и регионот, Груевски пред струмичани рече и дека тие најдобро го познаваат нивниот градоначалник кој е и лидер на Опозицијата.
„Ги познаваат неговите методи на работа по принципот едно евро ваму едно таму, знаат за тендерите кои си ги расфрла по роднини и пријатели од Струмица, знаат дека тој човек знае да си подлаже и ништо да не го секира, сите овде го знаат Зоран Заев“, рече.
„Струмица е градот кој најдобро го познава Заев и затоа во Струмица е највисоко негативното мислење за него. Правеа фабрика за афери со тој Чаушот, замислете до каде им одеше умот, лажеа дека има фантоми не сто- двеста туку 500 илјади фантомски гласачи“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„И мислеа дека тоа туку така ќе им помине, сега бесрамно лажат и си играат со чувствата на нашиот чесен и напатен народ дека ќе давале плата по 500 евра по човек и слично, лага до лага, не бираат ниту средства ниту начин како да прелажат некого дури и злоупотребувајќи ја маката на луѓето. Тоа е нивниот начин како тие работат. Но тоа им е погрешно затоа што не го имаат разбрано Македонецот, Македонецот е честит човек, кој вредно работи, си ја сака државата и знае јасно да одбере што е подобро за него и за државата. Затоа и нашата кампања е базирана на тие зборови „Знаеш што е подобро за тебе и за Македонија“, затоа што ние не го потценуваме нашиот сограѓанин туку цврсто веруваме во неговата проценка, ние веруваме дека тој ја знае целата слика за тоа што се случува во државата, ние веруваме на неговата мудрост и во неговата љубов кон Македонија“, рече Груевски.
Струмичани најдобро знаат што е подобро за нив и за Македонија и никој не смее да ги потцени, смета поранешниот премиер.
„Сега е моментот кога треба да се потрудиме оваа криза на 11-ти декември да ја затвориме и да ја претвориме во една можност. Тоа е денот кога сите заедно ќе се спротивставиме на ова сценарио кое што се спроведува во Македонија. Бидејќи знае народот што се случува и што сака“, додаде Груевски.
Но со изборите на 11-ти декември, продолжи челникот на владејачката партија, ќе им покажеме не само на скептиците во државава и оние кои работат на ова сценарио тука, во Македонија, туку ќе видат и соседите, но и народите пошироко дека овде живее горд и достоинствен народ, кој и со оваа генерација ќе го победи сето она што се прави против Македонија.
„Судбината на Македонија е во твои раце. Ова е историски момент во кој се носи многу важна одлука. Одлука која навидум некому можеби и ќе му се чини не баш едноставна, но во суштина е многу едноставна. Свесен сум дека и ти знаеш што е исправно, слушај си го срцето, знаеш и што и’ се случува на Македонија. Но исто сум свесен и дека разни креирани сценарија нема да можат да ти го поматат фокусот од големата слика“, порача Гуевски. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.