Македонија
РСБСП донираше техничка опрема за потребите на сообраќајната полиција
Сообраќајните незгоди и опасноста која ги демне учесниците во сообраќајот секојдневно, ја наметнуваат потребата од засилени и сестрани активности на сите надлежни институции со цел намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.
Согласно тоа, а со цел унапредување на процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата, МВР и РСБСП во изминатиот период реализираа соработка од која плод е донација на техничка опрема – професионални батериски ламби за потребите на сообраќајната полиција.
Техничката опрема наменета за потребите на сообраќајната полиција беше промовирана од страна на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов и претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски. Донацијата се состои од 35 батериски ламби со вредност од 300 илјади денари кои ќе бидат наменети за потребите на униформираната сообраќајна полиција.
„Примената на современата техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција и ќе го зголеми обемот и квалитетот на извршените контроли и проверки од страна на полицијата. РСБСП и МВР и во минататото се пример за исклучителна меѓуинституционална соработка и поддршка која ќе продолжи и понатаму. Зајакнување на капацитетите на сообраќајната полиција е стратешка цел на МВР, но и еден од приоритети од втората национална стратегијата за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Оваа донација е мала, но доста значајна за МВР и Бирото за јавна безбедноста“, истакна дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов потенцирајќи дека соработката со РСБСП ќе продолжи и во наредниот период на сите ниво и во повеќе области.
„РСБСП остварува одлична соработка со сите надлежни институции а посебно соработката со Министерството за внатрешни работи е силна и постојана. Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, РСБСП има обврска дел од своите средства да ги намени за модернизација на опремата за сообраќајната полицијата. Во таа насока денес ви ги презентираме батериските ламби кои Министерството за внатрешни работи ценеше дека ќе им бидат потребни како техничка поддршка при контролата на сообраќајот и на учесниците во него. Денешната донација значи поддршка во зајакнување на капацитетите на униформираните полицајци и треба да биде помош за решавање на секојдневните ситуации со кои се соочуваат тие, судирајќи се со предизвикот да спасуваат човечки животи, да ја подобруваат безбедноста на сообраќајот на патиштата, а истовремено да работат законски и да ги почитуваат основните човекови права“, истакна претседателот на РСБСП во своето обраќање.
Двете страни заеднички констатираа дека безбедноста во сообраќајот и понатаму останува стратешки приоритет на сите инситуции во Македонија и упатија апел до граѓаните за безбедно и одговорно учество во сообраќајот и за почитување на сообраќајните правила и прописи./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР.
„Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци.
При тоа изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило“, соопшти МВР.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Македонија
Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари
„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице, поради основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во деловен објект на улица „Бутелска“ во Скопје“, известуваат од Електродистрибуција.
„Констатирано е: противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција. Деловен објект, поранешен млин, користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини“.
Електродистрибуција информира дека е поднесена пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР и дека е изготвена Фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари.
Македонија
Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси
Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи.
„Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, на Град Скопје ќе му бидат доделени 100 автобуси и 50 полначи. Тоа значи безбеден, навремен и достоинствен јавен превоз, но и силен удар во корист на заштита на здравата животна средина и чистиот воздух, наш приоритет што го должиме на нашите деца и идните генерации.
Оваа одлука е дел од стратешкиот договор влада со влада помеѓу нашата и владата на Унгарија, што овозможува набавка по исклучително поволни услови“, напиша градоначалникот.

