Контакт

Европа

Јаценјук: На Украина и’ се заканува неможност да ги врати долговите

Објавено пред

Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук побара во четвртокот свикување конференција на меѓународните кредитори за да се отстрани опасноста Украина да не може повеќе да ги враќа своите долгови.
 

dobivaj vesti na viber

Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук побара во четвртокот свикување конференција на меѓународните кредитори за да се отстрани опасноста Украина да не може повеќе да ги враќа своите долгови.

 

Премиерот Арсениј Јаценјук во говорот во Радата, украинскиот парламент, ја истакна решителноста на неговата влада да ги спроведе тешките реформи за да обезбеди милијарди американски долари финансиска помош од западните сојузници. Меѓутоа, на Киев му се потребни странски кредитори кои ќе обезбедат пари, истакна Јаценјук.

„За да преживееме, за да го спречиме банкротот, неопходна ни е меѓународна донаторска конференција, прифаќање на планот за заздравување на Украина на таа конференција и помош од нашите западни партнери“, им порача Јаценјук на украинските парламентарци.

Кризата во Украина избувна по започнувањето на безредијата во ноември 2013 година откако поранешните власти го суспендираа потпишувањето на спогодбата за придружување со ЕУ, која Украина ја потпиша во март 2012 година, а договорија и сеопфатна спогодба за слободна трговија. Брисел сакаше да ги потпише овие договори на самитот Источно партнерство што се одржа на 28-ми и 29-ти на ноември 2013 во Вилнус, меѓутоа претседателот Виктор Јанукович и премиерот Микола Азаров решија привремено да го суспендираат потпишувањето на Спогодбата, правдајќи ја својата одлука со лошата економска состојба на земјата.

Според нив, на Украина тогаш и’ беше потребна помош до 20 милијарди евра, а Јанукович оцени дека тогаш ветените 610 милиони евра од ЕУ условени со потпишување договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) беа недоволни за да ги покријат загубите што ќе бидат предизвикани од намалувањето на трговијата со Русија, и недоволни да ја спасат Украина од банкрот. Веќе во декември тогашната украинска влада во Москва потпиша договор со кој од Русија доби заем од 15 милијарди долари од кои првата транша од милијарди долари беше уплатена веднаш, а цената на рускиот гас за украинските потрошувачи беше намалена за третина, на тогашни 260 долари за илјада кубни метри.

Меѓутоа, тоа предизвика револт кај опозицијата која го обвини Виктор Јанукович дека ја свртува Украина кон Русија и ја оддалечува од Европската унија, којашто организираше масовни протести кои завршија со насилна пресметка со власта во којашто загинаа околу стотина лица и опозицијата ја презема власта.

Во четвртокот прозападниот премиер Јаценјук особено се осврна на извештајот на влијателниот финансиски весник Financial Times кој објави дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) чии претставници оваа седмица го посетија Киев за да преговараат за постојниот план за помош од 17 милијарди долари, открил недостиг во програмата од 15 милијарди долари.

„Следната година, ни се потребни 15 милијарди долари дополнително од програмата на ММФ, тоа не го велиме ние, тоа го кажува Financial Times“, истакна Јаценјук.

Премиерот го опиша пред парламентарците планот на неговата влада за економските реформи, кој вклучува и реформи на даночниот систем, зголемување на цените на енергијата и приватизација на државните компании со цел да се искорени корупцијата којашто, според Јаценјук, ја довело Украина на работ од банкрот.

Украина досега прими две транши од програмата од ММФ во вредност од вкупно 4,6 милијарди долари. Меѓутоа, украинските девизни резерви се на најниското ниво во последните десет години поради враќањето на долгот за гас кон Русија и обидите да се опорави националната валута хривната.

Украинската економија дополнително е оптоварена со воените трошоци за операцијата против одметнатото рускојазично население во југоисточните региони, што предизвика затворање на железарниците и рудниците како и уништувањето на инфраструктурата во Луганск и Донецк, области во коишто порано е остварувана шестина од бруто домашниот производ (БДП) и четвртина од индустриското производство./крај/мф/сн

 

Извор: Макфакс

Европа

Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот

Објавено пред

Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

dobivaj vesti na viber

НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.

„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.

Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.

НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.

Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.

Прикажи повеќе...

Европа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Објавено пред

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.

dobivaj vesti na viber

Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.

Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.

Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.

Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.

dobivaj vesti na viber

Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.

Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.

„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.

Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.

Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.

„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.

„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.

Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.

Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија2 часа

„Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира“, велат од Левица

​​​​​Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, „која очигледно и веќе во неколку...

Македонија2 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија2 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион3 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија4 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија4 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет4 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет4 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа5 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет5 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет5 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа5 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион15 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија15 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет18 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија21 час

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија24 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија24 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија1 ден

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...