Црна хроника
Таксистот што ја возел девојката која падна од деветти кат бил претепан
Таксистот кој ја возел девојката која во средата околу пладне падна од деветти кат од зграда во скопската населба Аеродром бил претепан кога ја враќал девојката дома.
Педесет итригодишниот таксист од скопска такси компанија ја оставил девојката во средата околу 4.30 часот на улица „Коста Новаковиќ“, но додека симнувал патник, како што стои во пријавата, бил нападнат од триесет идеветгодишен скопјанец.Бил претепан со боксови и клоци по главата и телото од кои му се нанесени видливи повреди во вид на модринки и отоци, расекотина на левата аркада и расекотина на задниот дел од главата, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.Напаѓачот побегнал во непознат правец со автомобил „oпел“ со непознати регистарски ознаки. „Во полициска станица направен е записник за примање на пријава од страна на полициски службеник, а поднесен е и записник за констатиран прекршок од законот за прекршоци против јавниот ред и мир . Физичкиот напад е расчистен“, соопштуваат од МВР.Случајот е пријавен по смртта на девојката, околу 15.35 часот. Дваесет иедногодишната девојка во вторникот околу пладне паднала од деветти кат од зграда на улицата „Руди Чаевац“ во Аеродром. Телото е предадено за обдукција, а нејзината мајка во медиумите изјави дека девојката била силувана од таксист. Од МВР велат дека кај нив не е пријавен таков случај, односно силување, и затоа не можат да постапуваат по таква пријава. Случаен минувач пријавил го пријавил безживотното тело на девојчето. Од МВР официјално сé уште нема информација дали се работи за несреќен случај или самоубиство. /крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

