Црна хроника
Две тешки кражби викендов во Скопје и во Тетово
Две тешки кражби на пари и златен накит се случиле викендов во Скопје и во Тетово, соопшти полицијата.
Во периодот од 16 до 18 октомври, во Скопје на ул. „Кумровец“ непознат сторител со употреба на погоден алат и физичка сила извршил тешка кражба во станот на Е.И.(68). Крадецот одзел куферче во кое имало 400.000 денари и лични документи. Во друг случај, во неделата, во Тетово, на ул. „Дреновец“, Порој, непознат сторител преку незатворен прозорец влегол во куќата на А.С.(38), каде извршил кражба одземајќи златен накит во вредност од околу 427.000 денари.Се преземаат мерки за целосно расчитување на случаите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.