Свет
Тајните служби ги следеле комуникациите на патниците во текот на летовите

Со програмите на тајните служби на САД и на Велика Британија следени се телефонските разговори на комерцијалните летовите на неколку воздухопловни компании, меѓи кои и на „Air France“ објави во средата дневниот весник Le Monde врз основана податоците коишто ги добил од одметнатиот поранешен советника на американската Агенција за национална безбедност (NSA) Едвард Сноуден.
„Користењето на мобилните телефони со интернет врска текот на летот беа следени преку специфичната програма на NSA, како и на (британската) GCHQ (Government Communications Headquarters)“, пишува Le Monde.
Весникот се повикува на документ на GCHQ во кој се наведува дека 27 водухопловни компании им дозволиле на патниците да користат мобилни телефони, или на тоа се подготвувале, меѓу кои се „British Airways“, „Hongkong Airways“, „Aерофлот“, “Etihad“, „Emirates“, „Singapore Airlines“, „Turkish Airlines“, „Cathay Pacific“ и „Lufthansa“.
Според Le Monde, еден документ на NSA наведува дека 100.000 лица ги користеле мобилните телефони во текот на летото во 2009 година, и дека прислушувањата не се однесувале само на повиците, туку и на сите видови комуникации, како СМС ,електронска пошта и сурфање на интернет.
Ваквите собирање на податоците биле наречени „Летачка страчка“ и „Гулаб писмоносец“.
Од германската агенција „Lufthansa“ одбиле секаков коментар, се забележува во написот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Силни бранови го погодија Сиднеј: „Никогаш не сум видел такво нешто“

Брегот на Сиднеј беше погоден од силни бранови, што доведе до поплави во станбени згради и оштетување на инфраструктурата, соопштија денеска официјални лица.
Во јужниот дел на Сиднеј, неколку куќи беа евакуирани околу полноќ, откако брановите навлегоа во крајбрежната област, изјави портпаролот на службата за вонредни ситуации на Нов Јужен Велс, Ендрју Едмундс, пренесе АП.
Massive swells smash windows at Sydney's Bondi Beach https://t.co/9qoVVGoVLO
— BBC News (World) (@BBCWorld) April 2, 2025
На плажата Бонди, бранови високи 5,5 метри оштетија згради покрај брегот.
Во еден од комплексите со базен, теретана и ресторан, искршени се прозорци и стаклени врати.
„Ова е застрашувачко. Јас сум член веќе 50 години и никогаш не сум видел нешто слично. Силата на водата беше неверојатна”, изјави генералниот директор на клубот Боб Тејт, додавајќи дека се оштетени околу 15 стаклени панели на палубата на базенот, како и подот и ѕидните тела.
На плажата Кронула, бранови високи четири метри ја оштетија пешачката патека и електричната инфраструктура, изјави спасителот Стив Винер.
Властите предупредија на континуирани опасни временски услови, вклучително и тешка ерозија на крајбрежјето и можна дополнителна штета од регионот Илавара јужно од Сиднеј до регионот Хантер на север.
Свет
(Видео) Две девојчиња и нивната баба со часови заробени под урнатините во Мјанмар, ја снимиле агонијата низ која минале: таткото мислел дека се мртви

Снимките од последиците од разорниот земјотрес во Мјанмар ја откриваат агонијата што ја преживеа семејството заробено под урнатините на зградата.
На снимката се гледаат две девојчиња на возраст од 13 и 16 години и нивната раскрвавена баба во простор исполнет со урнатини по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар во петокот.
Тие останале заробени додека бегале од нивниот стан на шестиот кат во вториот по големина град во земјата, Мандалеј – во близина на епицентарот на земјотресот – и трчале кон скалите за итни случаи.
Таткото на девојчињата првично мислел дека неговите ќерки и мајка му починале и испратил апел на социјалните мрежи да се најдат нивните тела.
2 girls and their grandmother keep calm while trapped under rubble in the Myanmar earthquake. They've been rescued, but many are still missing.
My heart aches imagining their terror—the crushing weight, the desperate gasps for air during Myanmar's devastating earthquake. But… pic.twitter.com/QZTaybBTYj
— Yelisaveta Petrov (@YelisavetaPaUSA) March 31, 2025
За среќа, тие биле живи и ги грабнале телефоните пред да се урне зградата.
„Моите ќерки ги снимаа видеата мислејќи дека ако тие и нивната баба умрат, можеби ќе им се најдат телефоните и ќе ги видат нивните родители“, напишал таткото.
Тој рече дека дури слушнале и други луѓе заробени под нив во урнатините на зградата.
„Довикуваа одозгора и долу, но од надвор немаше звук. Како што поминуваа часовите, тие се обесхрабрија и се држеа за рака со својата баба плачејќи“, рече тој.
За среќа, по неколкучасовна драма, спасувачите успеале да ги пронајдат и со помош на чекан направиле мала дупка за да им обезбедат вода, но морале да одат да набават повеќе опрема.
Оставени на извесно време сами, девојките ги презеле работите во свои раце и со чекан направиле премин за нивното бегство.
„Сакаа да направат поголем отвор за баба, но големите камења беа претешки и двете сестри не можеа да ги поместат“, се вели во објавата на таткото.
Спасувачите се вратиле и успеале да ги спасат девојчињата. Нивната баба (75) се борела за воздух и не можела да помине низ отворот, но на крајот и таа била спасена.
По спасувањето, ќерките му откриле на својот татко што им се вртело низ глава.
„Во моментот кога се изгуби сета надеж, ја наведнав главата во знак на почит и благодарност до Буда што дозволи нашето семејство да преживее заедно“, му рекла неговата ќерка.
Свет
Полска уапси руски агент и ѝ го предаде на Украина

Полска ауспи руски агент и по барање на Службата за безбедност на Украина (СБУ) го екстрадира во Украина. Ова е прв ваков случај од почетокот на руската инвазија на Украина.
Украинските медиуми известуваат дека Кирил Молчанов е руски агент и политички аналитичар од медиумскиот круг на Виктор Медведчук, украински олигарх и кум на Путин. Тој е обвинет за велепредавство.
Против него е поднесено обвинение, објави СБУ. Иако СБУ не го објави неговиот идентитет, полициски извор изјавил за украинските медиуми дека станува збор за Кирил Молчанов. Тој бил уапсен во Полска и сега е во еден од центрите за предсудски притвор во Киев. Ова е првпат од почетокот на руската инвазија агент, кој дејствувал против Украина во информативниот простор, да биде екстрадиран по барање на СБУ.
Според документацијата од истрагата, Молчанов работел истовремено за две руски разузнавачки служби – ФСБ и Службата за надворешно разузнавање на Русија. По наредба на Русите, тој работел на дискредитација на Украина на меѓународно ниво и дестабилизација на внатрешната ситуација во партнерските земји на Украина.
Молчанов исто така бил чест гостин во емисиите на рускиот пропагандист Владимир Соловјов против кого СБУ неодамна поднесе обвинение. Само во 2023 година Молчанов учествувал во емисиите на Соловјов дури 35 пати, каде што ја оправдувал руската вооружена агресија и ширел лажни информации за ситуацијата во Украина.
Покрај тоа, тој организирал протести во земјите на Европската Унија во интерес на Кремљ за време на кои повикал на повлекување на меѓународната поддршка за Украина.
Истражителите го товарат Молчанов за оправдување и негирање на вооружената агресија на Руската Федерација против Украина славејќи ги учесниците во оваа агресија. Тој се соочува со затворска казна од 12 години. Истрагата е во тек.