Црна хроника
Во пожар во Кисела Вода се задуши жена
Во пожар кој избувнал во петок наутро, во станбена зграда на улицата „Вера Јоциќ“ број 37 во општина Кисела Вода, почината е 57-годишна жена.
Пожарот настанал од уред за греење во подрумски простории на објектот, адаптирани за живеење на едно лице.
Како што информира командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Ѕвонко Томески, дојава за пожарот имале во 7 часот.
„Веднаш е излезено на местото и е интервенирано со четири противпожарни возила и со 14 пожарникари. Пожарот брзо бил ставен под контрола и не било дозволено проширување на други делови од зградата“, рече Томески.
Сепак, жената која живеела таму, не успеала на време да излезе од просториите и се задушила./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен 37-годишник од Богданци, криумчарел мигранти од Сирија
Вчера во 07.15 часот на околу еден километар од тунелите Демир Капија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода, 37-годишниот Д.П. од Богданци.
Во близина на возилото „ауди а6“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. Претходно, тој бил забележан на автопатот „Пријателство“ после клучката Демир Капија, во правец на Гевгелија, како со возилото ги превезува мигрантите. По преземени мерки и активности, возилото и мигрантите биле пронајдени.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а Д.П. бил задржан во Полициската станица Неготино и против него, по брза постапка, е поднесена кривична пријава по член 418 – б од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Д.П. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Топ
Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир
Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина на лице место.
Според информациите од МВР, девојката што возела со возило на Итната медицинска помош е пренесена во Градската болница.
„Макфакс“ претходно објави дека несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.
Засега не се знае под кои околности била предизвикана несреќата и идентитетот на жената. Надлежните вршат увид.
Топ
Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил
Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки.
Според информациите од СВР Скопје за „Макфакс“, несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.
Засега нема информации за возраста на жената и околностите за несреќата.
На лице место присутни се припадници на полицијата и екипи на Итната помош.
Во тек е увид.