Црна хроника
Спречен шверц на 12 килограми марихуана на граничниот премин Ќафасан
Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан, при спроведување на редовна царинска контрола спречија обид за нелегално внесување на 12 килограми марихуана во Република Македонија.
Во петокот околу 18 часот на влез во Република Македонија на граничниот премин Ќафасан пристигнало патничко моторно возило со италијански регистарски ознаки, управувано од лицето Л.М., романска државјанка, а со неа патувала и В.С., исто така романска државјанка.
Лицата на англиски јазик биле прашани што имаат да пријават за царинска контрола, при што одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека се враќаат за Романија од неколкудневен престој во Албанија. Поради сомневање во нивните изјави возилото заедно со патниците било селектирано за контрола.
При прегледот на возилото биле пронајдени вкупно 27 пакетчиња (6 во задниот браник, 8 во задното лево крило, 7 во задното десно крило, 3 во левиот страничен праг и 3 во десниот страничен праг) – црни ќесички обвиткани со проѕирна салотејп лента наполнети со марихуана со вкупна тежина од 12 килограми.
Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното јавно обвинителство, а судија во претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Во изминатите десет дена ова е четврт случај на спречен обид за шверц на дрога при што запленети се 56,5 килограми марихуана./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

