Контакт

Надворешна политика

Поповски за австриски Der Standard: Подготвени сме и координирани со ЕУ за евентуален нов мигрантски бра

Објавено пред

Македонија е подготвена и координирана со неколку земји од Европската унија за безбеноста на границите, вели министерот за надворешни работи Никoла Попоски во интервјуто за австрискиот весник Der Standard од неделата, во кое се осврнува и на предвремените парламентарни избори.

dobivaj vesti na viber

Стандард: Разликата меѓу Вашата партија, ВМРО-ДПМНЕ и социјалдемократите се намали. Може ли да се случи да ви бидат потребни две албански партии за да оформите коалиција?
Попоски: Може да се случи сѐ, дури тоа да бидат две или три. Ако се има мнозинство, тогаш станува збор за нешто сосема друго, за разлика кога се нема мнозинството.

Стандард: Турскиот претседател Таип Ердоган се закани дека повторно ќе испрати бегалци кон Европа затоа што ЕУ парламентот се согласи дека преговорите за влез на Турција треба да се прекинат. Кои би биле последиците од тоа за Македонија и врз контролата на границата со Грција?
Попоски: Мислам дека Турција има интерес да ги одржува односите со Европа, исто како и Европа со Турција. Оттука произлегува и договорот меѓу Германија и Турција и мислам дека Турција не сака да го прекрши овој договор. А ниту Европа. Но, ние покажавме дека сме во состојба да ги контролираме нашите граници. Не постојат граници што се непропустливи и сѐ уште има нелегални преминувања, но сега е сосема поинаку отколку во периодот кога имавме по 14.000 луѓе што стоеја на границата. Тоа испраќа сигнал.

Стандард: Дали вториот бран бегалци, доколку Турција испрати бегалци, ќе има влијание на Македонија?
Попоски: Тоа може да има влијание ако не сме подготвени. Но ние сме подготвени. Имаме кооперативен систем со одредени ЕУ држави, меѓу другите и со Австрија, за безбедност на границите. И тоа е добро и за нас и за државите од ЕУ.

Стандард: Ќе биде ли потребно да се постави ограда на други места?
Попоски: Ние воопшто не сакаме огради. Но ако и на други места како што е во Гевгелија постои ризик, тогаш ќе го направиме тоа. Во друг случај, не. Затоа што ние не градиме огради само колку да имаме огради. Во практиката се покажа дека бројот на нелегални преминувања на границата масивно се намали откако ја изградивме оградата долга 12 километри кај Гевгелија.

Стандард: Очекувате ли во случај на втор бран од Турција мигрантите да преминуваат преку Бугарија наместо преку Македонија?
Попоски: Би можеле да го употребат тој пат, затоа што грчко-бугарската граница не е добро заштитена. Тие секогаш ги имаат вистинските информации. И секогаш тргнуваат по патот што е најбезбеден, најбрз…

Стандард: …И е најевтин….
Попоски: И кој не е контролиран.

Стандард: Кој ефект го имаше изборот на Доналд Трамп врз американската политика наспроти балканските држави? Постои мислењето дека владата на Соединетите држави многу помалку би се ангажирала.
Попоски: Не мислам така, затоа што Балканот е меѓу петте топ приоритети на следната американска влада. Мислам дека затоа и се прави помалку притисок да се случи нешто конкретно на Балканот. Затоа, најважно е да не чекаме некој друг да ги решава нашите проблеми. Америка симболички за нас е мошне важна, затоа што претставува симбол за семејство во кое сакаме да припаѓаме: европското семејство. Но тоа не предизвика големи потреси кај нас. САД веќе некое време се повлече како земја која се грижи за безбедноста. Ние се соочуваме со закани како миграција, тероризам и екстремизам, но тие може да се придушат со ресурсите што ги имаме во регионот.
Нема соврешен момент за решвање на спорот со Грција.

Стандард: НАТО досега беше важна Алијанса за САД. Црна Гора влезе во сојузот. Ако Македонија сака да влезе во НАТО, мора прво да го реши спорот со името со Грција затоа што Грција ја блокира од таа причина. Гледате ли можност по изборите да се реши спорот со името?
Попоски: Што се однесува до НАТО, ние ги исполнивме сите критериуми – останува само спорот со името. Временската рамка за тоа е отворена уште од 2008 година, затоа што НАТО постојано ја кани Македонија за членство, доколку се реши спорот со името. Во претходните девет години постојано имаше измени со Грција, веројатно повеќе од нивна страна. Се пропуштија многу прилики. Но, не треба да појдеме од тоа дека престојните избори се појдовна точка за решавање на спорот со името. За решавање мора да придонесеме и ние, а и Грците. Но нема совршено време за такво нешто, а ниту пак имало. Ако чекаме совршен период, може нема ни да дојде.

Стандард: Може ли да се продолжи со приближувањето кон ЕУ без решавање на спорот со името?
Попоски: Што се однесува до ЕУ, во 2009 година беше направена ужасна грешка со тоа што беше прифатен ставот на Грција. Тогаш ја добивме првата препорака од Европската Комисија за започнување на преговорите. ЕУ мислеше дека спорот со името може да се реши за неколку месеци, но во меѓувреме ниту започнавме со преговори со ЕУ ниту го решивме спорот со името. А сега изгледа дека имаме помалку шанси за пронаоѓање соодветно решение што на крај сигурно нема да се исплати.
Важен елемент е повторно да се врати довербата во текот на процесот. Тоа може да се постигне само со започнување со преговори за влез во Унијата. Во овој случај Грција нема да ја изгуби својата позиција затоа што е јасно дека без согласност од Грција не можеме да станеме членка. Грчкиот став е: ќе ви го загорчиме животот поради спорот со името – сѐ додека не ги исполните нашите услови.

Стандард: Грција е во подобра положба.
Попоски: Не може да се спореди. Тие се внатре, ние сме надвор.
За СЈО има политички договор

Стандард: За внатрешната политика. Мислите ли дека би било добро ако се продолжи со разговори за совладување на кризата меѓу четирите партии по изборите?
Попоски: Овие разговори се случуваат затоа што опозицијата го блокираше парламентот. По изборите овие разговори ќе продолжат во парламентот а не во некоја амбасадорска резиденција.

Стандард: Времето за кое Специјалното јавно обвинителство треба да ги поднесе обвинувањата, беше ограничено на 18 месеци. И ЕУ е за тоа овој временски рок да се продолжи затоа што Специјалното јавно обвинителство нема доволно време да ги прегледа материјалите од аферата со прислушкување. Вашата партија е против тоа да се продолжи временскиот рок. Мислите ли дека е важно случајот целосно да се расветли?
Попоски: Ние имаме политички договор за Специјалното јавно обвинителство и тој беше мошне прецизен и што се однесува до времето и до законските рамки. А што се однесува до аферата со прислушкување, ние имаме заземено јасен став. Сакаме ова да се истражи во одреден временски рок. затоа што сакаме да се врати безбедноста. Насекаде се прислушува, но никаде нема афера со прислушување толку јавно како во Македонија. Тоа го покажува и степенот на слобода што го има во Македонија.

Стандард: И што ќе се случи ако Специјалното јавно обвинителство каже дека не успеало во оваа временска рамка од 18 месеци да го реши случајот?
Попоски: Теоретски може да се случи тоа. Но логично би било да се концентрира на најважниот материјал од прислушкувањето.

Стандард: Може ли овој рок да се продолжи?
Попоски: Тоа е дел од договорот што го потпишавме. И ако сега се смени нешто, тогаш се менуваат и други параметри. Не може да се пребира. Сега се избори, потоа се обвинувања – или не./крај/мф

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Обвинителството бара да се продолжи притворот на осомничените за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката...

Македонија17 часа

Седум пациенти денес се враќаат од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и...

Македонија18 часа

Општина Ѓорче Петров до инвеститорот кој урна ѕид на соседна зграда: Веднаш да се прекине изградбата на објектот

Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров извршил вонреден инспекциски надзор и увид на местото каде ѕид меѓу вториот и...

Македонија19 часа

Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за дрогата, за полицијата и за кучката Цеца

Група вработени лица во штипскиот затвор реагираа со демант на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов,...

Македонија19 часа

(Видео) Апсења во фабрика за канабис, најдени сомнителни буриња

Извршени се претрес и вонредна контрола во фирма во Гостивар, која поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели. Фирмата...

Македонија20 часа

Обвинителите го прашуваат таткото на Вања зошто бил невработен и каков ученик бил: „Со Шекеринска бевме првенци на генерацијата“

Во судот денес сведочи Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој одговара на прашањата на обвинителите. Во испитувањето се осврнаа...

Македонија21 час

„Пред велигденските празници ќе бидат достапни сите лекови за онколошките пациенти во количини за наредните 12 месеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС повторно шири лаги и манипулации. СДС е препознатлив единствено по неговата навика да користи чувствителни теми за да го...

Македонија21 час

Се бара одговорност за илјадниците примероци од Правописот што со години скапувале во несоодветни услови

По информациите дека повеќе од 2.600 примероци од Правописот на македонскиот јазик (второ издание, 2017 година) седум години се чувале...

Македонија21 час

Алијансата го исклучи од партијата директорот на Геријатрија, кој барал мито за да смести неподвижно лице

Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи, кој е осомничен дека зел мито за да смести неподвижно лице....

Македонија22 часа

Наместо оставки, членовите на Судскиот совет оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на млада девојка на пешачки, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на Судски совет со изгласана недоверба, наместо да поднесат оставки, оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на...

Македонија23 часа

(Видео) Мециновиќ: Кандидатите за Програмскиот совет на МРТ претендираат за трет мандат спротивно на законот

„Во член 118 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги се вели следното: мандатот на членовите на Програмскиот совет...

Македонија23 часа

Дел од онколошките пациенти повторно без лекови, СДСМ бара одговорност

Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Oколу еден месец нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало...

Македонија23 часа

Свлечиште во Битолско блокира пат

РЦУК Битола, известува дека поради настанатото свлечиште на патот што ги поврзува село Долно Дивјаци, Општина Крушево и село Кочишта...

Македонија23 часа

Потрагата по исчезнатото повозрасно лице од Степанци во Штипско продолжува

Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16:20...

Европа23 часа

(Видео) Обилен снег паѓа во Анкара

И покрај тоа што е речиси половина од април, месецот кој повеќето го поврзуваат со пролетта, утрово во турската престолнина...

Регион24 часа

(Видео) Орбан го поддржа Вучиќ: „Вашата борба е и наша“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати порака со поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ во која порача дека српските патриоти можат...

Свет1 ден

(Видео) Директор на „Сименс Шпанија“, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Попладневното патување на семејство шпански туристи над замаглениот брег на Менхетен се претвори во трагедија кога хеликоптерот во кој се...

Свет1 ден

Златото достигна рекордно високо ниво поради стравувањата од трговска војна меѓу САД и Кина

Цената на златото достигна нов рекорд бидејќи расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега...

Свет1 ден

(Видео) Се урна хеликоптер во Њујорк, шест лица загинаа, меѓу кои и деца

Неколку служби за итни случаи реагираа вчера вечер на извештајот за пад на хеликоптер во реката Хадсон, недалеку од западниот...

Македонија1 ден

Уште неотворена, новата градинка во Бутел демолирана – хулигани искршиле врати и прозорци, штетата е голема

Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1, објави градоначалникот Дарко Костовски. Вели дека МВР веќе има лоцирано осомничени лица,...