Свет
Трамп го избра Тилерсон за државен секретар поради познавањето на геополитиката
Избраниот американски претседател Доналд Трамп го избра претседателот на извршниот одбор на најголемата нафтена американска компанија „ExxonMobil“, Рекс Тилерсон за државен секретар во својата администрација поради „длабокото разбирање на геополитиката“.
Во вторникот утрото Доналд Трамп на Twitter ги потврди претходните пишувања на американските медиуми, нарекувајќи го Рекс Тилерсон еден од најголемите лидери во светскиот бизнис.
„Неговата упорност, богатото искуство и длабокото разбирање на геополитиката го прави одличен избор за позицијата државен секретар. Тој ќе ја промовира регионалната стабилност, на американските сојузништва и ќе се концентрира на клучните за САД безбедносни национални интереси, ќе ја зајакне моќта, безбедноста и суверенитетот на Соединетите држава“, цитира Reuters дел од изјавата на Трамп, објавена од неговиот транзициски тим.
„Рекс Тилерсон е олицетворение на американскиот сон. Со тешка работа, доследност и паметно работење, Рекс напредуваше скалило по скалило и стана извршен директор на Exxon една од најголемите светски компании“, го издвојува делот од изјавата на Трамп агенцијата DPA.
Шеесет и четиригодишниот Рекс Тилерсон, дипломирал на Тексашкиот универзитет во Остин. Речиси четири децении работел во „ExxonMobil“, почнувајќи ја кариерата како обичен инженер, а во доцните 1990-те ги водел проектите на компанијата во Русија.
Тилерсон е на чело на „ExxonMobil“ од 2006 година. Во 2011 година тој го потпиша договорот со рускиот нафтен гигант „Роснефт“ за истражувања во Арктик. Во 2014 година „ExxonMobil“ мораше да ги суспендира своите активности во споменатиот проект, поради американските санкции против Русија поради нејзината наводна улога во украинската криза. Тилерсон, притоа ги критикуваше потегот на американскиот претседател на заминување Барак Обама, изразувајќи сомневање во ефикасноста од споменатите санкции.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, запрашан за коментар за именувањето на Тилерсон за агенцијата РИА изјави дека „Кремљ смета оти станува збор за професионалец./кјрај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.