Свет
Напаѓачот во црквата во Чарлстон прогласен виновен за 9 расистички убиства

Поротата на сојузниот суд од југоистокот на САД во четвртокот Дилан Руф го прогласи виновен по 33 точки од обвинението по расистичките убиства кон средината на јуни 2015 година во црквата на афроамериканската заедница во градот Чарлстон.
Сега 22-годишниот Дилан Руф ја сослушал пресудата без да покажува никакви реакции, забележува агенцијата AFP.
Пресудата за овие девет убиства во црквата „Емануел де Чарлстон“ ќе биде изречена на почетокот од јануари. На Руф му се заканува смртна казна.
Дванаесетте членови на поротата, како што истакнуваат американските медиуми – две црнкињи, еден црнец, осум белкињи и еден белец, се советувале само два часа и му дале право на државниот обвинител кој претходно им соопштил дека не бара никакви олеснителни околности за овој млад човек, кој според медиумите е опишен како ксенофобен осаменик.
Откако што детално го подготвил нападот, Дилан Руф на 17-ти јуни 2015-та, претворајќи се да оди на веронаука, започнал да пука во верниците додека се молеле и истрелувајќи 77 куршуми уби девет луѓе. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Земјотресот во Мјанмар ослободил енергија еднаква на 334 атомски бомби

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што во петокот го погоди Мјанмар испуштил енергија што е еквивалентна на повеќе од 300 експлозии на атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-Ен-Ен.
Таа, исто така, предупреди дека последователните потреси би можеле да продолжат со месеци.
„Моќта ослободена од ваков земјотрес е околу 334 атомски бомби“, рече Феникс.
MASSIVE ground rupture/crack has appeared in Myittha, Mandalay Region, following the powerful M7.7 earthquake in Myanmar 😱👀 pic.twitter.com/vFlPet0XPH
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) March 28, 2025
Таа објасни дека потресите ќе продолжат бидејќи индиската тектонска плоча сè уште се спушта под евроазиската плоча во областа Мјанмар.
Феникс додаде дека размерите на уништувањето дополнително ќе се влошат со граѓанската војна во земјата.
Во земјотресот загинаа над 1.000 луѓе.
Регион
Драма на небото над Хрватска: авион полета за Фанкфурт, па се врати назад за 20 минути

Авион на „Кроација ерлајнс“ кој утринава полета од Загреб за Франкфурт се врати на аеродромот „Фрањо Туѓман“ по само 20 минути лет, јавуваат патниците.
Авионот морал да се врати поради технички проблеми.
„Мала техничка неисправност. Сега седиме во авион во Загреб“, вели патникот, пренесе „Вечерњи“.
Како што се додава станува збор за авион „Даш 8“, кој е дел од националниот превозник од 2008 година, што значи дека лета веќе 17 години.
За таков модел, тоа е приближно две третини од работниот век, што во Европа е во просек 25 години.
Авионот е еден од петте вакви турбопромотори што ги има Хрватска во својата флота, 9A-CQA е најстар. Во последните седум дена имаше во просек по седум лета дневно.
Свет
(Видео) Жена се породи на улица, болницата евакуирана по силниот земјотрес

Жена се породи на улица во Бангкок вчера, откако болницата во која се наоѓала била евакуирана поради силниот земјотрес во Мјанмар.
Таа лежела на носилка, опкружена со медицински персонал кој и помогнал да се породи на отворено.
Поради земјотресот, евакуирани се повеќе болници.
Footage during the earthquake in #Bangkok a baby was born in the park 😭 Waht a story to tell ‘’ I was born during the earthquake ‘’ #แผ่นดินไหว #earthquake #myanmarearthquake #bangkokearthquake #ตึกถล่ม pic.twitter.com/7E0FdzfPEf
— Miia 🩵 (@i30199) March 28, 2025
Пациентите биле преместени во блискиот парк, вклучувајќи ги и оние на носилки и во инвалидски колички. Вработените во болницата продолжија да се грижат надвор, пред зградите на установата.
Земјотресот што го погоди Мјанмар беше еден од најразорните во последните сто години.
Според Геолошкиот институт на САД (USGS), епицентарот бил на 17 километри од Мандалеј. Бројот на загинати се искачи на повеќе од 1.000, а спасувачите се уште трагаат по преживеани под урнатините. Воената хунта прогласи вонредна состојба и повика на помош, додека ОН потврдија дека се во контакт со властите.