Свет
Трамп ѝ одговори на Мишел Обама дека за САД има надеж

Избраниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше во саботата дека Америка има многу надеж по неговиот избор, како одговор на првата дама Мишел Обама која оцени претходно дека на земјата особено ѝ недостига надеж.
„Мишел Обама изјави во петокот дека нема надеж, но мислам дека зборуваше за минатото а не за иднината“, изјави Доналд Трамп на собир на неговите приврзаници во Мобиле, во сојузната американска држава Аризона.
„Убеден сум дека постојат огромни надежи, а покрај надеждта имаме и огромен потенција, ќе видете нешта кои не сте ги виделе веќе со децении“, додаде Трамп.
Во интервјуто со Опра Винфри, емитувано во петокот на телевизиската мрежа CBS, Мишел Обама јасно порача оти мисли дека САД влегле во „мрачна фаза“ со изборот на Доналд Трамп.
„Сега гледаме што значи да се нема надеж“, изјави Мишел Обама одговарајќи на прашањето за двата мандата на Брак Обама избран со пораката „надежи и промени“.
„Надежите се неопходен концепт. Барак не говореше за надежите, бидејќи мислеше дека тоа е добар слоган за собирање гласови. Што ќе им пружите на своите деца доколку не им пружите надеж:… Имате возрасно лице во Белата куќа која може да ви каже во периодот на криза и турбуленција ‘Еј, се ќе биде добро’“, додаде Мишел Обама.
Релативно дискретна по изборот на Доналд Трамп како наследник во Белата куќа на нејзиниот сопруг, Мишел Обама во текот на кампањата изнесе обвиненија против републиканскиот кандидат и особено против неговиот „застрашувачки“ став кон жените.
„Тоа не е нормално. Не станува збор само за политичка игра. Тоа е срамно. Недозволиво“, изјави во текот на претседателската кампања Мишел Обама за Трамп./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.