Контакт

Региони

Битола ќе „живее“ со традиционалната македонска храна

Објавено пред

Организацијата „Слоу Фуд“, прв пат во Македонија, ја организира манифестацијата „Тера Мадре Македонија“.

dobivaj vesti na viber

Во наредните три дена, посетителите на Битола ќе може да вкусат слатко од диви смокви, сирење од мавровско-реканскиот регион, мед од медоносна пчела, буковска пипер, вино од станушина и многу други традиционални и органски македонски производи.

„Битола ќе живее со македонската традиционална храна. На 50-тина штандови ќе поставиме разновидни производи, со што ќе го презентираме македонскиот биодиверзитет на храна и нејзината автентичност. Ќе ја промовираме гастрономската култура како алатка за одржлив рурален развој, ќе овозможиме размена на идеи, искуства и стекнување на нови знаења меѓу производителите, експертите, креаторите на политиките, младите, готвачите… и решенија за како да се зачува и негува производството и консумацијата на  локалната храна. На едно место ќе се најдат стари вкусови, ќе бидат поставени разни автентични сорти и што, за нас е важна цел – ќе се едуцираат новите генерации за нашата традиција поврзана со храната“, вели Емилија Неделковска од организацијата Слоу Фуд Македонија.

 

Неделковска објаснува дека „Тера Мадре Македонија“ претставува мрежа на локални организации на Слоу Фуд, асоцијации на производители, младински активисти,  експерти, готвачи …

 

„Мрежата е координирана од Слоу Фуд Македонија и настојува, преку организирање конференции и дебати на различни теми поврзани со системот на храна, на една маса да ги седне производителите и потрошувачите,  експертите и носителите на одлуки, да придонесе за  размена на искуства и мислење, како и кон согледување на моменталната состојба и можностите за подобрување на системот на храна“, рече Неделковска на денешната конференција за печат.

 

На манифестацијата Тера Мадре Македонија, која се организира под мотото „Мрежа која инспирира промени“, ќе се презентира и органско производство како значаен сегмент во производството на храна, производи од традиционални и занаетчиски производства. Организаторот ќе овозможи малите производители да се вмрежат во национална платформа која ќе обезбеди простор, можност за разговор со сите други чинители.

 

Според Елена Каровска, програмски координатор,  Слоу Фуд Македонија, на првиот настан од ваков вид во Македонија ќе се одржат и неколку конференции каде ќе се говори за храната и за традиционалните производи, саем на производи, дегустации и курсеви за возрасни, павилјон за едукација за деца, училишна зеленчукова градина засадена на сред плоштад, ќе се готви во живо со најпознатите готвачи во Македонија, ќе се организира младински камп, презентација на филмови поврзани со храна и разни концерти. Во разновидната програма ќе уживаат и Слоу Фуд гости од неколку европски држави – Италија, Шпанија, Турција, Бугарија и Албанија. Сите настани поврзани со манифестацијата Тера Мадре Македонија ќе се одржат на плоштадот Магнолија, со околните знаменитости галерија Магаза, градска куќа Ал Хамбра, парк на Саат Кула и дворот на соборната црква „Св. Димитрија“ во Битола./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Таравари отиде во Турција каде ги посети пациентите од трагедијата во Кочани

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посетил болницата „Чам ве Сакура“ во Истанбул, каде што се лекуваат двајца од...

Македонија4 часа

Премиерот уверува дека Владата е стабилна и силна

Владата е стабилна и силна, и ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која...

Македонија6 часа

Детето што загина со мотор немало ниту возачка, ниту кацига, а возело со брзина над дозволената

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото на тешката сообраќајната несреќа во која загина 16-годишен...

Свет8 часа

Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина

Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили...

Македонија8 часа

Власта молчи пред дивеењето на Сашо Мијалков на Охридското езеро, обвини Левица

Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на самото крајбрежје на Охридското езеро, во локалитетот познат како Горица 3, додека инвеститор...

Свет9 часа

Од денеска за верниците се отвора гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Од денеска гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан....

Свет11 часа

Фон дер Лајен со порака до Зеленски: Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Европа секогаш ќе...

Македонија1 ден

УХМР предупредува на пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Попладневниот развој на нестабилна облачност донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните планински предели, Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија....

Свет1 ден

Позитивна средба меѓу Трамп, Зеленски, Макрон и Стармер – Доналд си заминал од Рим

На маргините од испраќањето на папата Франциск во Рим, претседателите на САД, Доналд Трамп, Украина, Володимир Зеленски, Франција, Емануел Макрон...

Македонија1 ден

Вреди: Корупциските досиеја на ДУИ им експлодираат едно по едно

Човекот кој со години го меркаше тронот на Али Ахмети, денес се однесува како да е „паднат од Марс“, а...

Свет1 ден

(Фото+Видео) Папата погребан со едноставна церемонија во „Санта Марија Маџоре“

Поворката со ковчегот на папата Франциско пристигна во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, каде што поглаварот на Католичката црква...

Македонија1 ден

СДСМ бара оставка од Тошковски, ВМРО-ДПМНЕ им враќа со скандалозни факти

По вооружената пресметка кај Бит Пазар во која животот го загуби 31-годишен маж, СДСМ обвини за распад на безбедносниот систем...

Скопје1 ден

Обвинителството собира докази и видео-снимки за расчистување на убиството кај Бит Пазар

По вчерашната вооружена престрелка во близина на Полициската станица во Бит Пазар, во која животот го загуби 31-годишниот А.С. од...

Свет1 ден

(ВО ЖИВО) Започна погребната миса за папата Франциск, емоции и солзи на плоштадот Свети Петар

На плоштадот Свети Петар во Ватикан, утрово точно во 10 часот по локално време, започна погребната церемонија за папата Франциск,...

Македонија1 ден

Муцунски: Дипломатскиот пасош не ѝ дава имунитет на претседателката на ДКСК

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во...

Свет1 ден

(ВО ЖИВО) Светот се збогува со верскиот лидер, денеска е погребот на папата Франциск

Папата Франциск, кој почина во понеделникот наутро на 88-годишна возраст, денеска ќе биде погребан во Рим. Погребната церемонија се очекува...

Македонија1 ден

Пороен дожд, грмежи и град ќе го погодат Скопје и повеќе градови

Денеска нѐ очекува променливо и нестабилно време со сериозни услови за локално невреме, предупредуваат метеоролозите. Според најавите, во текот на...

Европа2 дена

Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните...

Македонија2 дена

„Хаос на улиците и нарушена безбедност, уште колку луѓе треба да загинат за Тошковски да понесе одговорност“, прашува СДСМ

„Последната криминална престрелка на Бит Пазар со смртни последици е уште еден доказ за сериозното нарушување на јавната безбедност и...

Европа2 дена

(Видео) Кремљ: Украинците убија генерал со автомобил-бомба во Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја обвини Украина за денешниот напад со автомобил-бомба во Москва, во кој беше убиен рускиот...