Црна хроника
Ограбени три цркви во скопско

Три кражба на цркви се случиле изминативе денови во скопско.
Првата кражба се случила во периодот од 15 до 21 март во скопското село Добри Дол во црквата „Свети Спас“. Непознат сторител го скршил катанецот на влезната врата од црквата и влегол во трпезаријата од каде украл околу 5.200 денари во разни апоени, а потоа го напуштил местото на настанот
Вечерта во петокот спроти саботата на улица „Христо татарчев“ на местото Теферич во населбата Припор, непознат сторител ја ограбил црквата „Св.Преображение“. Насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел околу 500 денари, а потоа избегал.
Истата вечер ограбена е и црквата „Св Никола“ во село Горно Соње. Непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно делувал на влезната врата, влегол внатре и одзел околу 10.000 денари во разни апоени и избегал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.