Европа
Русија подготвена да одговори на новите санкции

Рускиот одговор на новите заострени западни санкции против Москва поради нејзината наводна улога во украинската криза би можел меѓу другото да содржи и ограничување на увозот на половни автомобили и други потрошувачки стоки, но Русија се надева дека на Западот ќе надвладее разумот, изјави во четвртокот економскиот советник на претседателот Андреј Белоусов.
Европската унија договори нови санкции против Русија кои треба да стапат на сила во петок, поради нејзиното наводно вмешување во кризата во соседна Украина. Санкциите би можел да бидат укинати, доколку потрае примирјето склучено на 5-ти септември во белоруската престолнина Минск.
„Постојат низа не-земјоделски производи кај нашите партнери, во прв ред европските, коишто повеќе зависат од Русија отколку што Русија е зависна од нив“, изјави за РИА Новости економскиот советник во Кремљ, Андреј Белоусов.
„Тоа се однесува, на пример, на увозот на автомобили, главно половни и некои лесни индустриски стоки, не сите, но некои видови текстил“, прецизирал. Белоусов истакнал дека владата ќе им помогне на компаниите коишто ќе бидат погодени од санкциите.
Русија во август го забрани увозот на разни прехранбени производи во вредност од 9 милијарди долари, од ЕУ, САД, Канада, Австралија и Норвешка. Во моментов се проценува дека европските компании имаат загуби од повеќе од 5 милијарди евра, кои можат да се зголемат со воведувањето на ново ембарго на увоз од руска страна.
Белоусов, истакнува и дека се надева оти Русија нема да биде присилена на такво потег, како и дека одговорот ќе биде дизајниран за да не им наштети на домашните произведувачи и потрошувачи.
„Во моментов во Министерството за економски развој веќе е подготвен, колку што сум запознаен, со списокот на тие производи. Но, се надевам, дека здравиот разум ќе надвладее и нема да имаме потреба да ги ставиме на сила овие мерки на договор“, додава советникот на Путин./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан, исто така, рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа по телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радио „Кошут“.
Орбан, исто така, објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за околу две недели.
„Вчера претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе можат да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на координаторот на проруското „Николаевско подземје“ Сергеј Лебедев.
Украинските власти потврдија дека повеќе од десетина експлозии се слушнале во Криви Рих за време на воздушниот напад, но не го споменаа аеродромот.
Kryvyi Rih has indeed been subject to an awful attack.
At least 10 drones descended on the city in Dnipropetrovsk.
It's no known how many hit targets, but from this video we can see there were quite a few.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/tQRXmptF7F— Tim White (@TWMCLtd) October 16, 2025
„Беа избројани околу 15 експлозии. Силно гори во областа на аеродромот Лозовацки на север од градот, каде што има пет авиони, вклучувајќи ги и оние на НАТО. Оттаму, масовно се лансираат беспилотни летала кон јужниот дел на Русија: Крим, Краснодарска територија, јужно од Ростовската област“, рече Лебедев.
Русија тврди дека, покрај аеродромот, бил погоден и голем железнички центар со неколку хангари и складишта за оружје.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина да добие крстосувачки ракети Томахавк.
Trump said he told Putin: “You wouldn’t mind if I gave a couple thousand Tomahawk missiles to your opposition?” — adding that the Russian leader didn’t like the idea. pic.twitter.com/hYainBXRW9
— KyivPost (@KyivPost) October 16, 2025
„Го прашав: ‘Дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на вашите противници?’“, им рече Трамп на новинарите.
Тој додаде дека Путин „не бил задоволен што ја слушнал таа идеја“.
Трамп и Путин разговараа по телефон пред планираниот состанок на нивните советници следната недела и најавениот состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, кој треба да биде посветен на обидот за постигнување договор за војната во Украина.
фото: принтскрин