Црна хроника
Скопјанец ја влечел сопругата за коса, ја удирал од маса и со пепељара

Скопјанец ја влечел сопругата за коса, ја удирал со боксови и клоци, потоа ја турнал врз стаклена маса и ја удирал од масата, по што зел пепељара и ја удрил во пределот на грбот и нанесувајќи и расекотина.
Жената со возило на Брза помош била однесена во градската болница „8-ми Септември“ каде што и била укажана медицинска помош и и биле констатирани телесни повреди.
Инцидентот се случил на 20 април во семејниот дом по претходна вербална расправија меѓу сопружниците.
На триесет и четиригодишниот скопјанец одреден му е ритвор во траење од осум дена и поднесена му е кривина пријава за „Телесна повреда при вршење семејно насилство“ и „Загрозување на сигурноста“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Двајца мажи од Гевгелија пронајдени починати во своите домови

Вчера во 11:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат И.Г.(45) од Гевгелија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Истиот ден во ОВР Гевгелија во 16:35 часот било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат М.Р.(45) од Гевгелија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија.
Топ
Син ја убил мајка си во Штип

Утрово во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип.
Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
Црна хроника
Предизвикал пожар: уапсен охриѓанец

Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.
При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.