Европа
Шпанија нема да дозволи Грција да не и’ го врати долгот
– Алексис Ципрас (л,) и Пабло Иглесиас
Шпанската конзервативна влада, којашто кон крајот на годинава ја очекуваат парламентарни избори, нема да му дозволи на новоизбраниот левичарски грчки премиер Алексис Ципрас да не го врати долгот, порача во четвртокот шпанскиот министер за економија, Лиус де Гуиндос.
Шпанската конзервативна влада, којашто кон крајот на годинава ја очекуваат парламентарни избори, нема да му дозволи на новоизбраниот левичарски грчки премиер Алексис Ципрас да не го врати долгот, порача во четвртокот шпанскиот министер за економија, Лиус де Гуиндос.
Шпанија и’ позајми на Грција 26 милијарди евра од вкупно 240 милијарди евра, колку што изнесуваше заедничката програма за странска финансиска помош од тројцата грчки доверители, Европската комисија, Европска централна банка (ECB) и Меѓународниот монетарен фонд.
„Луѓето мора да бидат свесни дека бевме многу великодушни кон Грција и ќе продолжиме да бидеме, но будно ќе внимаваме над парите кои и’ ги позајмија граѓаните на Шпанија“, истакна шпанскиот министер за економија, Луис де Гуиндос
Новата влада на Грција, составена од коалицијата на радикалната левицата Сириза и десничарската Независни Грци, која победи на неделните предвремени парламентарни избори благодарејќи во прв ред на ветувањата дека ќе ги укине жестоките мерки за штедење наметнати од „тројката“ меѓународни доверители во замена за финансиската помош, најави и преговори со кредиторите од кои ќе бара отпишување на поголем дел од грчкиот долг.
За разлика од Грција којашто позајмуваше пари поради неможноста да го сервисира својот долг, Шпанија се задолжуваше со цел да ги спаси своите ослабени приватни банки. Мерките за штедење и кастрењата на јавните трошоци, како услов за добивање помош, ги вивнаа двете земји во самиот врв на Европската унија според стапката на невработеноста. Во Грција без работа се 25,7 отсто од населението, додека во Шпанија 24 отсто, според европската статистичка агенција Eurostat.
„Сумата од 26 милијарди евра којашто ни ја должи Грција, е еднаква на годишниот износ кој преку надоместоци им ги плаќаме на невработените“, спореди шпанскиот министер.
Популарноста на владејачката конзервативна Народна партија на шпанскиот премиер Маријано Рахој драстично падна поради непопуларните мерки за штедење, и и’ се заканува губење на власта на изборите што треба да се одржат во декември. Во мај, пак, во Шпанија се одржуваат локалните избори.
Левичарската партија Подемос (Можеме), која е сродна на Сириза и чии челници активно учествуваа во предизборната кампања на Ципрас во Грција, во моментов има поддршка од 28 отсто од шпанските гласачи, според анкетата на агенцијата Metroscopia, спроведена во јануари. На второто место се опозициските социјалисти PSEO сo 23,5 отсто, додека на трето место е Народната партија со поддршка од 19,2 отсто од избирачите.
Челникот на Подемос, Пабло Иглесиас, кој со Алексис Ципрас ја прослави промената на власта во Грција, за враќањето на парите на Шпанија вели дека „Потребно е да се реструктуира долгот, но не на индивидуално ниво, туку во рамките на блокот земји во јужна Европа. Долгот на јужните земји е неодржлив и затоа е потребно да се преговара со партнерите“, додаде Иглесиас.
Меѓутоа, шпанскиот министер за економија де Гуиндос нагласува оти „Секој одговорен политичар сака тие пари да ни бидат вратени. На масата не е реструктуирање на грчкиот долг, туку европската солидарност“, порача Гуиндос додавајќи дека веќе во четири наврати е модифицираното отплаќање на долгот при што на Грците им се намалени каматите и им е продолжен рокот за отплаќањето. „Доколку новата влада во Атина не ги почитува договорените услови, ма да ја прими новата транша од финансиската помош“, порача Шпанецот. Де Гуиндос проценува и дека на Грција до крајот на август би и’ биле потребни дополнителни 10 милијарди евра.
И другите европски доверители, во прв ред од северните земји, како Германија и Финска, порачуваат дека Грција целосно мора да ги врати парите.
И покрај тоа што победата на крајната грчка левица ги охрабри во Шпанија симпатизерите на Подемос, де Гуиндос смета дека тоа „нема да има никакви последици“ врз политичката сцена во Шпанија. Владата во Мадрид тврди дека ситуацијата не е како во Грција и дека може да се видат знаците на закрепнување./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
ФТ: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Фон дер Лајен
Европската комисија започна со создавање ново разузнавачко тело под претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид подобро да ги искористи информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денес „Фајненшл тајмс“.
Единицата што ќе се формира во рамките на секретаријатот на Комисијата планира да регрутира службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди извештајот.
фото: принтскрин
Европа
Русите велат дека спречиле голем украинско-британски заговор: „Сакаa да киднапираат МиГ-31“
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека осуетила заговор на украински и британски разузнавачки службеници да ги убедат руските пилоти да украдат авион МиГ-31 вооружен со хиперсонична ракета Кинжал за 3 милиони долари, објавија државните медиуми.
Новинската агенција РИА го цитираше ФСБ како вели дека киднапираниот авион требало да биде пренасочен кон воздухопловната база на НАТО во романскиот град Констанца, каде што би можел да биде соборен од воздушната одбрана, соопшти агенцијата.
ФСБ, главниот наследник на КГБ од советската ера, вели дека Украина и Велика Британија планирале голема „провокација“ користејќи го киднапираниот авион и дека украинските воени разузнавачки службеници се обидувале да ги намамат руските пилоти за 3 милиони долари за да го украдат авионот.
„Преземените мерки ги осуетија плановите на украинското и британското разузнавање за голема провокација“, цитираше РИА функционер на ФСБ.
Државната телевизија емитуваше фотографии од пораки и снимки од човек за кој се вели дека работел за украинската и британската разузнавачка служба и му понудил 3 милиони долари на руски пилот да лета со МиГ до Европа и дека на пилотот му е понудено државјанство.
Рускиот Кинжал е балистичка ракета лансирана од воздух што Москва ја нарекува хиперсонична, способна за големи брзини и маневрирање на патеките на летот за да им го отежни на воздушната одбрана следењето и пресретнувањето.
Русија долго време ја смета Велика Британија за свој главен непријател. Москва го обвинува Лондон за поттикнување на војната во Украина, а британското разузнавање за помагање на Украина да започне серија операции длабоко на руска територија.
Велика Британија ја смета руската инвазија на Украина за империјално присвојување на земјиште. Лондон постојано предупредува дека руското разузнавање се обидува да посее хаос низ Велика Британија и Европа за да ја поткопа демократијата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Русија со дронови: погодена голема рафинерија за нафта
Рафинерија за нафта во рускиот град Саратов беше нападната од украински беспилотни летала во текот на ноќта, според објавите на локалните канали на Телеграм кои споделија снимки на кои наводно се гледаат експлозии во објектот.
Гувернерот на областа Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена. Руските медиуми објавија дека по инцидентот привремено се воведени ограничувања за летови на регионалниот аеродром.
Ukrainian attack drones just successfully struck Russia's Saratov oil refinery, setting the facility ablaze.
The refinery, owned and operated by Russia's Rosneft, processes about 7 million tons of crude oil per year. pic.twitter.com/9S9Qn45YfF
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) November 10, 2025
Рафинеријата во Саратов произведува повеќе од 20 видови нафтени деривати, вклучувајќи бензин, дизел, мазут и битумен. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во 2023 година фабриката преработила околу 4,8 милиони тони сурова нафта.
Саратов е важен индустриски центар, сместен на околу 150 километри од границата со Казахстан и приближно 600 километри источно од украинскиот фронт.
Инцидентот се случил во време кога Русија бележи серија слични експлозии и пожари во објектите на енергетската инфраструктура, а Москва сè повеќе ја обвинува Украина за напади со беспилотни летала врз цели длабоко на руска територија.
фото: принтскрин

