Регион
Пахор повторно ќе се кандидира за претседател на Словенија, сака подобрување на односите со Хрватска

Словенечкиот претседател Борут Пахор изјавил дека следната година како независен кандидат ќе побара втор мандат на функцијата претседател на земјата, на изборите кои ќе се одржат на есен, пренесуваат словенечките медиуми.
Пахор исто така за заложил и за засилување на соработката и довербата со Хрватска, и дека во 2017-та година следат искушенија поврзани со решавање на граничното прашање меѓу двете земји, бидејќи како што навел, очекува и се надева дека арбитражниот суд ќе продолжи со постапката и ќе донесе пресуда.
Говорејќи за неодамнешната посета на Турција, Пахор изјавил дека според неговите информации, нема непосредна опасност од нов мигрантски бран и дека во таа мисла тој сакал да предложи отстранување на жичаните огради и другите препреки на границата, што би било знак на засилување на меѓусебната доверба.
„Доколку дојде до обновување на соработката на државите на балканската рута во однос на мигрантите, како и на поголема доверба меѓу Хрватска и Словенија, тогаш оградата можеби нема ни да биде потребна, а нејзиното отстранување би било знак дека со засилување на довербата може да се направи повеќе, отколку со поставувањето на огради“, порачал Пахор./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес ја погоди Света Гора, почувствуван на Халкидики и во Солун

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени е регистриран попладнево во морската област на Света Гора.
Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.
Како што јавуваат грчките медиуми, силниот земјотрес го потресе целиот регион Халкидики, како и градот Солун. Бил почувствуван и на крајбрежните области на Кавала и Тасос.
Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.