Европа
Во Москва 75.000 луѓе во поворката на Денот на народното единство

Околу 75 илјади луѓе учествуваа во вторникот во руската престолнина Москва во поворката на повод Денот на народното единство што истовремено претставуваше поддршка за претседателот Владимир Путин и политиките на Кремљ особено во однос на кризата околу Украина, со што сосема го засени сличниот собир кој истовремено го организираа ултранационалистите.
Околу 75 илјади луѓе учествуваа во вторникот во руската престолнина Москва во поворката на повод Денот на народното единство што истовремено претставуваше поддршка за претседателот Владимир Путин и политиките на Кремљ особено во однос на кризата околу Украина, со што сосема го засени сличниот собир кој истовремено го организираа ултранационалистите.
Според процените на московското министерство за внатрешни работи, под мотото „Единствени сме“ речиси 75 илјади луѓе дефилираа по главната артерија на престолнината на Русија заедно со претставниците на главните политички партии, меѓу кои владејачката Единствена Русија, Комунистичката партија и ултранационалистичката ЛДПР.
Со транспарентите „Заедно сме посилни“, „Во единството е нашата сила“, „Ние сме многу, Татковината е една“, „Не на фашизмот“, „Путин, ние сме со тебе“ и „Мечката е стопанот на тајгата“, со руски знамиња и свети андреевските портокалово-црни ленти, симбол на советската победа во Втората светска војна кои сега ги носат проруските и бунтовници во источна Украина, претставниците на многу организации, движења и партии ја изразија својата поддршка на политиките на Кремљ во однос на кризата во соседна Украина, пренесуваат светските агенции.
„Обединети сме со браќата од новата Русија (Новосрусија, назив кој сега се употребува за рускојазичните области во Украина, инаку потекнува од XVIII век за истите области каде што населението се чувствува со руско етничко потекло –з.р.)“, рече на говорницата, Сергеј Миронов, челник на партијата Праведна Русија.
Овој собир кој има поддршка од официјалните руски власти, сосема го надмина традиционалната поворка на руските ултранационалисти кои главно се противници на претседателот Путин, а кој годинава потфрли во бројноста. На ткн „Руски марш“ на ултранационалисите кој се организира традиционално секоја година на 4-ти ноември, според процените на полицијата се собрале само две илјади луѓе, наспроти очекувањата на организаторите за меѓу 10 и 20 илјади присутни.
Собирите се одржани по повод Денот на националното единство кој се одбележува како државен празник во Русија од 2005 година, со што се одбележува прогонувањето на полските окупаторски сили од Кремљ во 1612 година од страна на народниот отпор предводен од народните јунаци Кузма Минин и Дмитриј Пожарски./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ковчегот на папата Франциско затворен, погребот в сабота наутро

Од средата наутро, кога телото на покојниот папа Франциско беше пренесено во базиликата „Свети Петар“, низ неа поминаа 150.000 луѓе од целиот свет. Ковчегот на папата беше затворен вечерва, а погребот ќе се одржи в сабота наутро.
Пред церемонијата на запечатување, во ковчегот на папата беа поставени 12 монети, по една за секоја година од неговиот понтификат, како и краток запис и извештај за неговото папство. Церемонијата ја водеше кардиналот Кевин Фарел, камерлегно на Светата Римска црква.
Реки верници доаѓаат во Рим за да присуствуваат на утрешниот погреб на папата Франциско, а се очекува и пристигнување на бројни делегации од целиот свет.
Во Рим се воведени строги безбедносни мерки, со илјадници волонтери и полицајци, систем против дронови, снајперисти на покривите и борбени авиони подготвени за полетување.
Европа
Жена во Шпанија ја продала новородената ќерка за 2.000 евра на двојка која не можела да има деца

Шпанската полиција уапси 37-годишна жена која ја продала својата новородена ќерка на пар кој се лекува од неплодност, јавува АФП.
Полицијата соопшти дека жената била уапсена минатиот месец во Мостолес, јужно предградие на Мадрид. Брачен пар осомничен за купување дете и двајца нивни роднини беа уапсени во јужниот град Кордоба.
Според прелиминарната истрага, жената се согласила да им ја предаде својата новородена ќерка на двојката за 2.000 евра. Сепак, по породувањето, таа се предомислила и побарала да ѝ го вратат детето.
Двојката, според АФП, одбила да го врати бебето освен ако жената не им го врати платениот износ, плус дополнителни 1.000 евра за покривање на трошоците што тврделе дека ги направиле во текот на месецот што го поминале со неа во Кордоба пред да се роди детето.
Полицијата започна истрага откако една жена поднесе жалба тврдејќи дека семејство во Кордоба го „киднапирало“ нејзиното новородено бебе. Детето е предадено во центар за заштита на деца во Кордоба. Полицијата, исто така, објави дека властите ѝ одзеле уште шест деца на жената во 2022 година поради занемарување.
Европа
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.
„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.
Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.