Европа
Бан ги оцени изборите на украинскиот исток како „жалосни“, Захарченко ја презема должностаi
Неделните избори одржани во побунетите самопрогласени ткн народни републики Донецк и Луганск во источна Украина се „тажни“ и „контрапродуктивни“, оцени во вторникот генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун од говорницата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, додека истовремено бунтовничките лидери ги положија своите „претседателски“ заклетви.
Неделните избори одржани во побунетите самопрогласени ткн народни републики Донецк и Луганск во источна Украина се „тажни“ и „контрапродуктивни“, оцени во вторникот генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун од говорницата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, додека истовремено бунтовничките лидери ги положија своите „претседателски“ заклетви.
„Таканаречените избори во источните делови на земјата во неделата се тажни и контрапродуктивни. Ги повикувам сите заинтересирани страни што поскоро да се заземат за целосно спроведување на словото и духот на протоколите од меморандумот во Минск“ од 5-ти септември, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун во седиштето на ОБСЕ во Виена.
Со договорот од белоруската престолнина со посредство на претставници на Украина, Русија и ОБСЕ, кои ја сочинуваат Контактната група за Украина, беше постигнат договор за прекин на огнот меѓу прозападните власти во Киев и проруските бунтовници во источните доминантно рускојазични региони. Во договорот од 12 точки, меѓу другото за двете ткн Народни републики Донецк и Луганск, кои во прво време бара федерализација на Украина а потоа објавија дека се сметаат за посебен „државен субјект“ надвор од нејзините рами, беше предвиден „специјален статус“ на автономија во рок од три години што како закон го изгласа Врховната Рада (парламентот) во Киев.
Западот и Киев неделните избори ги смета за нелегални и за фарса, како и дека не придонесуваат кон постигнувањето трајно примирје и ја повикаа Москва да не ги признава резултатите од нив. Русија, пак, смета дека токму изборот на челниците ќе придонесе за нивен легитимност од локалното население во натамошните преговори со централните украински власти.
САД во понеделникот го осудија „незаконскиот“ процес и „тешката повреда“ на протоколот од Минск кон би требало да овозможи воспоставување на мир во областа. Украинскиот претседател Петро Порошенко најави дека Украина по тие избори ќе ги преиспита своите мировни обврски, што се толкува како подготовка за нова офанзива на украинските сили. Бунтовничките челници, пак, предупредуваа дека Киев подготвува нова воена операција на истокот, веднаш по конституирањето на парламентот по неодамнешните вонредни избори со кој во Радата влегоа претежно прозападните и националистички партии.
Во врска со украинскиот судри во кој од април годинава загинале повеќе од четири илјади луѓе, Бан во вторникот изрази жалење поради „загубените животи, на земја и во воздух“, нарекувајќи ја оваа криза која доби глобални димензии предизвик кој би можел „да ја доведе во прашање нашата колективна способност да ја решиме“.
Во вторникот прорускиот бунтовнички челник, Алескандр Захарченко, инаку етнички русофон Украинец, кој според тамошните изборни тела однел победа на неделните избори со 75 отсто од гласовите свечено ја презема должноста.
„Се заколнувам дека ќе му служам на народот на Република Донецк“, изјави 38-годишниот Захарченко, кој претходно беше ткн премиер на Донецк. Свеченоста на полагање на свечената обврска и инаугурација беше одржана во Драмскиот театар, со полагање на заклетвата врз Библијата и во присуство на четворица Козаци во традиционална униформа кои го внеле црвено-црното-сино знаме на новопрогласената држава.
Истата церемонија се одржа и во Луганск, каде 50-годишниот поранешен професионален војник Игор Плотницки освои 60 отсто од гласовите на избирачите. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.