Контакт

Европа

Италијанците на Амри налетале случајно, Германија здивна

Објавено пред

Германскиот државен обвинител Петер Франк потврди во петокот дека лицето убиено во престрелката во северниот италијански град Милано е осомничениот за нападот со камион од 19-ти декември на божикниот базар во германската престолнина Берлина при што смртно настрадаа 12 а уште 48 луѓе беа повредени, 24-годишниот Тунижанец, Анис Амри, на кого италијанската полиција налетала сосема случајно.

dobivaj vesti na viber

И ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, која ја презема одговорноста за нападот во Берлин, потврди во петокот дека Анис Амри бил извршител на нападот и оти е убиен во Италија.

Сепак, истрагата за активностите на Амри ќе продолжи, истакна германскиот државен обвинител Петер Франк. Според него, сега истрагата ќе се насочи на тоа дали Тунижанецот имал соучесници или мрежа од помошници, дали пиштолот од кој е пукано врз италијанскиот полицаец е истиот оној со кој го убил полскиот возач на камионот и на тоа како успеал да побегне од Германија во Италија. „Многу ни е важно да го утврдиме тоа“, рече Франк.

Анис Амри, Тунижанецот осомничен за нападот во Берлин, е убиен во престрелка со полицијата во Милано, објави претходно во петок италијанскиот министер за внатрешни работи Марко Минити. Идентитетот на Амри е потврден без никакви сомневања, рече Минити на прес-конференцијата во министерството.

Осомничениот бил запрен при рутинска контрола на сообраќајот околу три часот утрото во северното миланско предградие Сесто Сан Џовани. Кога полицаецот му ги побарал документите, тој без размислување пукал. Полицијата возвратила и го усмрти. Во престрелката е ранет еден полицаец, но тој е надвор од животна опасност, потврди Минити.

Италијанската полиција немала никакви информации или сознанија дека Амри е во Милано и бил запрен во рутинска контрола покрај железничката станица, рече шефот на миланската полиција Антонио Де Иесу. „Немавме информации дека би можел да биде во Милано. Доколку го претпоставуваме тоа, полицајците ќе беа попретпазливи“, додаде.

Италијанските власти кај мртвиот Амри пронашле билет за воз од францускиот град Шамбери до Милано, каде што пристигнал два часа пред да биде сопрен во близина на железничката станица Сесто Сан Џовани.

Германската полиција го обвини Тунижанецот за нападот откако во кабината од грабнатиот камион најде документи на негово име и отпечатоци од прстите, непосредно до телото на полскиот возач кој бил застрелан во главата. Според претходните сознанија на германските медиуми од полициски извори, Полјакот најверојатно се обидел да го сврти воланот на камионот, на што посочува острото свртување на возилото за да излезе од патеката на којашто ги косел луѓето, а наводно на неговото тело имало и рана од нож.

Германија распиша европска потерница по Амри и вети награда до 100.000 евра за информација којашто ќе доведе до откривање на неговото престојувалиште и апсење. Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер изјави дека чувствува „големо олеснување“ затоа што Амри повеќе не претставува закана за никого. За неговото убивање канцеларката Ангела Меркел, којашто подоцна попладнето во петокот ќе се обрати во јавноста, лично ја известил новиот италијански премиер Паоло Џентилони.

Амри бил поврзан со Италија, каде што допатувал од Тунис и минал четири години во затвор. Во земјата пристигнал во 2011 година како бегалец. На Сицилија бил сместен во прифатен центар за малолетници. Во текот на престојот таму извршил „различни злосторства“, вклучително и предизвикување пожар во центарот, пишуваат италијанските медиуми.

Обвинет бил кога станал полнолетен, па е испратен во затвор, каде што наводно од ситен криминал станал исламистички радикал. Откако ја издражл затворската казна, италијанските власти се обиделе да го вратат во Тунис, но поради проблемите со тамошните власи околу неговото идентификување, а каде бил обвинет за кражби на камиони, на Амри му било овозможено да ја напушти Италија да отпатува на север во Германија.

Во Германија берлинската полиција веќе го истражувала Амри поради сомневања во планирање терористички напад. Имале информации за планови за изведување грабежи за да осигури пари за купување оружје, веројатно за терористички напад. Поради тоа бил следен во Берлин во периодот меѓу март и септември годинава. Меѓутоа, било откриено само дека е сите препродавач на наркотици. Државните обвинители тврдат дека тие информации им биле предадени на надлежните служби, како и дека со тоа завршило нивното следење.

Семејството на Амри, кое целото живее во Тунис, беше повикано на распит во тамошната полиција. Го повикаа да се предаде и му порача дека со нападот ги обесчестил./крај/мф/сн

Европа

Медведев: Можен е глобален конфликт, ситуацијата е многу опасна

Објавено пред

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека светот станува многу опасно место, но дека Русија не сака глобален конфликт. Руската инвазија на Украина во 2022 година предизвика најголема конфронтација меѓу Москва и Западот од врвот на Студената војна, иако претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп во моментов се обидуваат да преговараат за крај на војната со Русија и Украина, објави Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Медведев го пофали Трамп и рече дека е охрабрувачки што контактите со Вашингтон се обновени. Сепак, Медведев, кој во минатото даваше остри изјави до Киев и западните сили, и предупредуваше на ризикот од ескалација на војната во нуклеарна „апокалипса“, рече дека Западот постојано ги игнорирал руските интереси.

„Ситуацијата е многу опасна“, рече Медведев во интервју за Ројтерс, ТАСС и рускиот воен блогер ВарГонзо во неговата резиденција во близина на Москва. „Се чини дека прагот на болка се намалува“.

„Не сме заинтересирани за глобален конфликт. Не сме луди“, рече Медведев, кој беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година. „Но, не може да се исклучи глобален конфликт“.

Претседателот Владимир Путин го има последниот збор за руската политика, но странските дипломати веруваат дека Медведев, сега истакнат јастреб, дава увид во размислувањето на тврдокорните во рамките на руската елита. Во просторијата каде што се одвивало интервјуто, имало карикатура на која Медведев насочува автоматска пушка кон европските лидери.

И Путин и Трамп ги споменаа ризиците од ескалација околу Украина, иако европските дипломати веруваат дека Москва вешто ја искористила картата за да ги заплаши сојузниците на Украина од премногу вклучување во војната.

„Тие велат: ‘Нем, Русите измислуваат сè, шират паника и никогаш нема да направат ништо“, рече Медведев, додавајќи дека она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“ во Украина покажува дека Русија ќе се залага за своите интереси.

Украина и нејзините европски сојузници ја гледаат војната, најсмртоносната во Европа од Втората светска војна, како империјалистичко присвојување на територија. Тие тврдат дека ако Русија ја добие Украина, еден ден ќе го нападне НАТО, тврдење што Русија го отфрла како бесмислено. Конфликтот избувна во источна Украина во 2014 година откако прорускиот претседател беше соборен во револуцијата на Мајдан. Русија потоа го анектираше Крим, а сепаратистите поддржани од Москва почнаа да се борат против украинските сили.

Запрашан за низа глобални настани во јануари, вклучувајќи ги и оние во Венецуела и околу Гренланд, Медведев рече дека тоа е едноставно „премногу“. Коментирајќи го венецуелскиот претседател Николас Мадуро, руски сојузник, Медведев рече дека САД сигурно би го сметале за чин на војна ако Трамп биде „киднапиран“ од странска сила.

Тој, исто така, ги отфрли западните тврдења за руска или кинеска закана за Гренланд како лажни „хорор приказни“ измислени од западните лидери за да ги оправдаат сопствените постапки.

Прикажи повеќе...

Европа

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

Објавено пред

Поранешниот британски министер Питер Манделсон ја напушти Лабуристичката партија на премиерот Кир Стармер по новите извештаи за неговите врски со покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, објавија вчера медиумите.

dobivaj vesti na viber

Манделсон, кој беше отстранет од Стармер минатата година од функцијата британски амбасадор во Соединетите Држави по откритијата за неговите врски со Епштајн, рече дека не сака да предизвика „понатамошен срам“ за Лабуристичката партија, се вели во извештаите.

„Овој викенд повторно бев поврзан со оправданата контроверзност околу Џефри Епштајн и жалам за тоа“, рече Манделсон во писмо до Лабуристичката партија, објавено од Би-Би-Си и други.

Манделсон рече дека верува оти обвинувањата за плаќањата на Епштајн на неговата сметка, кои се појавија во британските медиуми врз основа на документи објавени од Министерството за правда на САД, се лажни и ќе ги истражи.

„Иако го правам ова, не сакам да предизвикам понатамошен срам за Лабуристичката партија, па затоа го повлекувам моето членство во партијата“, се вели во писмото. Манделсон беше клучен во изборниот успех на Лабуристичката партија кога Тони Блер беше премиер на почетокот на 1990-тите.

Минатата година тој беше критикуван од јавноста откако американските пратеници објавија документи, вклучувајќи писмо во кое тој го нарекува Епштајн „свој најдобар другар“, што доведе до негово отстранување од функцијата британски пратеник во Вашингтон.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Објавено пред

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле.

dobivaj vesti na viber

Украина стана светски лидер во развојот на беспилотни копнени возила (UGV), за кои војската вели дека ќе ѝ овозможат координирање на роботско војување, а воедно и намалување на човечките жртви, според Фондацијата Џејмстаун, одбранбен тинк-тенк.

Сега, видеото стана вирално на социјалните мрежи, наводно прикажувајќи двајца руски војници како се предаваат на токму таков робот, објавува  Futurism.

Снимки од бојното поле
На видеото се прикажани двајца руски војници како излегуваат од зграда со кренати раце и се предаваат на вооружен робот.

Според украинскиот воен портал Militarnyi, станува збор за извидувачка и ударна копнена единица наречена Droid TW, произведена од украинската одбранбена компанија DevDroid. Дроидот користи вештачка интелигенција за автономно препознавање цели и е вооружен со муниција од 7,62 мм.

Роботот првично е развиен на барање на Првиот медицински баталјон на украинската армија, кој барал начин да ги евакуира ранетите под силен оган, но судејќи според снимките, армијата пронашла друга примена за него.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија14 часа

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија15 часа

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија15 часа

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија15 часа

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија15 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија15 часа

Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток, велат од Владата

Владата, како што соопштија од таму, најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, а во врска...

Македонија15 часа

Владин претставник не дојде во ССМ за зголемување на минималецот: Бегаат од одговорноста како што бегаа цела 2025 година, вели Трендафилов

Со објава на социјалните мрежи утрово претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов извести дека владин претставник...

Свет20 часа

(Видео) Идентификувани агентите кои го убија Алекс Прети

Владини документи ги открија идентитетите на двајцата федерални полицајци кои го застрелаа и убија Алекс Прети во Минеаполис. Станува збор...

Свет21 час

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет22 часа

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет22 часа

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет23 часа

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет23 часа

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија1 ден

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет2 дена

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион2 дена

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија2 дена

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет2 дена

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија2 дена

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...