Контакт

Европа

Во Рим забрането движење на камиони во центарот поради закана од тероризам

Објавено пред

Властите на италијанската престолнина Рим одлучија да го забранат движењето на фургони и камиони во центарот на градот поради зголемената опасност од терористички напади во текот на божикните и новогодишните празници.

Забраната се однесува на соите возила со маса поголема од 3,5 тони и на сила ќе биде во текот на католички Божик и Нова година, како и на 6-ти јануари, кога католичкиот свет го празнува Богојавление.

Римските власти соопштија дека во општините во централниот дел од градот ќе биде дозволен приодот само на возила кои превезуваат прехранбени продукти, лекови, весници и пошта.

Во соопштението се истакнува дека е неопходно да се осигури највисокото ниво на безбедност на граѓаните од страна на сите општински служи и институции во тесна соработка со националните безбедносни служби.

Во Италија од 19-ти декември беа засилени безбедносните мерки поради терористичкиот напад со камион врз божикниот базар во германската престолнина Берлин, кога беа усмртени 12 и повредени уште 48 луѓе.

Осомничениот за нападот, 24-годишниот Тунижанец Анис Амри беше баран со европска потерница и рано утрото во петокот беше застрелан од италијанската полиција при рутинска контрола крај железничката станица во Милано.

Зголемените безбедносни мерки поради можна терористичка закана на Апенинскиот полуостров е на сила веќе подолг период. Првпат тие беа сериозно зајакнати по терористичките напади во Париз од 13-ти ноември 2015 година./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Вакцинираните во Германија ќе бидат ослободени од многу мерки

Објавено пред

Пo Долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, денеска и Горниот дом, Бундесратот, исто така, го одобри владиниот декрет со кој на вакцинираните против коронавирус им се овозможуваат некои олеснувања од мерките против пандемијата.

Според указот, кој треба да стапи на сила в недела, лицата кои се целосно вакцинирани, како и лицата кои прележале коронавирус, се ослободуваат од обврската за строго ограничување на личните контакти, забраната за движење во текот на ноќта и обврската за покажување негативен тест.

Вакцинираните исто така се ослободени од досега задолжителниот карантин по враќањето од странство. Исклучок се повратниците од т.н. области на изменети вируси како Индија, Бразил или Јужна Африка.

Луѓето кај кои поминале најмалку две недели од приемот на втората доза на вакцина, се смета дека се целосно вакцинирани.

Премиерот на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, беше против укинувањето на некои обврски за вакцинираните лица, но истовремено повика на единство во општеството и предупреди на можни поделби помеѓу вакцинираните и оние што сè уште не се вакцинирани.

Тој им рече на вакцинираните да се однесуваат со почит и без триумфализам кон оние кои сè уште не биле вакцинирани, а сакаат да се вакцинираат.

Прикажи повеќе...

Европа

Германски министер за здравство: Се чини дека третиот бран на коронавирус е разбиен

Објавено пред

Третиот бран на пандемијата на коронавирус се чини дека е разбиен, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан, додавајќи дека мерките за физичко дистанцирање и забрзување на процесот на вакцинација помагаат да се намали стапката на инфекција.

„Се чини дека третиот бран е разбиен“, рече Шпан на редовната прес-конференција за состојбата со пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Клучниот предизвик во зголемувањето на производството на вакцини е колку брзо и колку ефикасно може да се пренесе технологијата, рече Шпан, повторувајќи дека официјален Берлин се противи на американскиот предлог да се откаже од заштитата на патентите.

„Главното прашање не е заштитата на патентите, туку производствениот капацитет“, рече Шпан.

Министерот рече дека ќе биде воодушевен доколку САД покажат иста подготвеност за извоз на вакцини како што покажа Германија.

Процентот на германски граѓани кои, според него, ја примиле првата доза на вакцина, сега достигна 31,5 проценти, при што дозата ја примиле 900.000 луѓе вчера, што ја стави Германија на брза патека според меѓународните споредби.

Во обид да го забрза процесот на вакцинирање, Шпан вчера дозволи вакцината на „Астразенека“ да се дава на сите возрасни лица, со што се изменети претходните ограничувања воведени по извештаите за ретки случаи на згрутчување на крвта.

Шефот на германскиот Институт за инфективни болести „Роберт Кох“, Лотар Вилер, рече дека стапката на зараза со Ковид-19 се намалува во сите возрасни групи и дека се надева дека наскоро ќе биде сузбиена пандемијата во Германија.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Велика Британија ги повлече воените бродови од водите кај Џерси, попуштија и Французите

Објавено пред

Велика Британиј и Франција ги повлекоа бродовите од водите кај островот Џерси во Ла Манш по спорот околу риболовот.

Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека француските рибарски бродови се повлекле од водите кај Џерси и се вратиле во Франција, а и Велика Британија исто така ги повлекла бродовите на Кралската морнарица.

Тој рече дека Џонсон е многу задоволен од таквиот развој на настаните.

Во соопштението се вели дека властите во Џерси имаат „право“ да го регулираат риболовот во нивните води според трговскиот договор што Велика Британија го има со ЕУ и дека Велика Британија ги поддржува во тоа.

Островот Џерси не е дел од Велика Британија и има своја администрација и законодавство, но е во сопственост на британската круна.

Спорот изби околу новите дозволи за риболов на француските рибари кои вклучија некои нови услови, што ги разгневи француските рибари и владата.

Париз го пријавил ова до Европската комисија, тврдејќи, како што објави „Ројтерс“, дека овие нови услови биле наметнати еднострано, без договор и дека се нефер кон француските рибари.

Аник Жирардин, француски министер за поморска политика, алудираше дека Франција затоа може да го прекине снабдувањето со електрична енергија во Џерси.

Спорот ескалираше во четвртокот откако 50-ина француски рибарски бродови го блокираа пристаништето Сент-Хелиер, главниот град на Џерси.

Двете земји потоа претпазливо испратија воени бродови во областа.

Островот Џерси е оддалечен само 23 километри од францускиот брег и 140 километри од британскиот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија5 часа

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет5 часа

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион5 часа

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија5 часа

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион5 часа

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет5 часа

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија22 часа

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија1 ден

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 ден

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион1 ден

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет1 ден

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет1 ден

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет1 ден

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет1 ден

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија2 дена

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија2 дена

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Досие