Свет
Христијаните во Ирак повторно го слават Божик во својата црква
Неколку стотина ирачки христијани се собраа во саботата во градот Бартела, на северот од Ирак, кој неодамна беше ослободен од екстремната сунитска групација Исламска држава, славејќи го Божик според грегоријанскиот календар првпат од 2013 година.
Градот Бартела, некогаш дом на илјадници асирски христијани, беше напуштен во 2014 година кога падна во рацете на Исламската држава којашто со голема брзина освојуваше територии во Ирак и во соседна Сирија, Ирачките сили го ослободија овој град во првите денови од офанзивата врз вториот по големина град во земјата Мосул, којашто започна во октомври.
Илјадници преостанати христијани побегнаа и од Мосул и околните области откако во летото 2014 година беа заземени од Исламската држава. Екстремистите им наметнаа на христијаните да плаќаат посебни високи даноци или да преминат во исламот, а во спротивно биле убивани, и често им бил конфискуван имотот. Неодамна, помали групи христијани се вратија во своите домови во населбите коишто ги ослободија ирачките владини групи, и започнаа да ги обновуваат руинираните и ограбени домови и древни цркви.
Жени со свеќи нарекуваа влегувајќи во градската црква Мар Шимони, изразувајќи и среќа поради враќањето на местото каде многу од нив се крстени или се венчале.
„Ова е најубавиот ден во мојот живот. Понекогаш мислев дека нема да се вратам никогаш“, рекла Шурок Тавфик, 32-годишна домаќинка која побегнала во блискиот град Ербил, пренесува Reuters. Повеќето побегнаа во тој автономен курдски регион.
Црквата била многу оштетена во текот на владеењето на Исламската држава. Биле отстранети крстовите, скулптурите од светците сквернавени, а олтарот запален. Сега на црквата е поставен нов крст, а над влезот е поставено украсени пластично божикно дрвце. Славењето го заштитуваа војниците, од кои некои и самите христијани, распоредени во близината и на покривот од црквата.
Црковните камбани одѕвонуваа низ овој уште празен град во кој голем број куќи се целосно уништени во борбите кои траеја до пред две седмици.
„Ова е мешавина од среќа и тага. Тажни сме кога гледаме што нашите сонародници сториле со нашите свети места, но истовремено сме среќни што ја одржуваме првата литургија по две години“, истакна бискупот Муса Шемани, пред одржувањето на божикната литургија.
“Над Ирак е темен облак. Но остануваме на својата земја што и да се случи, Господ е со нас“, истакна на бискупот Шемани.
Покраината Нинива е една од најстарите живеалишта на христијаните, стара речиси две илјади години. Литургијата во црквата Мар Шимони е отпеана на сиријачки, дијалект на арамејскиот, јазик со кој зборувал Исус Христос.
Христијанската заедница во Ирак постојано се намалува од американската инвазија во 2003 година. Христијаните беа цел на погроми од исламските екстремисти во неколку наврати, а многумина ја напуштија земјата и поради подобри економски можности. Од соборувањето на Садам Хусеин, кога ги имало 1,4 милиони христијани, во 2016 година ги има само 275.000, според организацијата ADF International. Според нивните процени, населението во Ирак во 2015 година изнесувало 32,6 милиони од кои 98 отсто се муслимани, 1 процент се христијани и 1 отсто се од други религиозни малцинства./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати
Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на пистата во Северна Каролина и се запали, објави „Дејли меил“.
Breaking: Multiple deaths after a plane crash at Statesville Regional Airport in North Carolina. WSOC, a local news channel, reports that NASCAR driver Greg Biffle owns the plane, although it is unclear if he was on board. pic.twitter.com/nzZMhSg1Tm
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) December 18, 2025
Несреќата се случила околу 10:15 часот по локално време кога авионот се урна во близина на пистата на регионалниот аеродром Стејтсвил. Снимките од местото на настанот покажаа густ црн чад како се издига од остатоците од авионот, кој беше целосно зафатен од пламен.
Канцеларијата на шерифот на округот Иредел потврди дека повеќе лица загинале во несреќата, но не даде точен број. Тие рекоа дека повеќе информации за жртвите ќе објави полицијата на Северна Каролина. Сè уште не е познато колку луѓе биле во авионот, кој вообичаено има капацитет од осум до десет патници.
Регион
(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана
Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а сето тоа поради спор околу корупцијата во владата, објави The Telegraph.
Драматични сцени од Тирана покажуваат како чад се шири низ салата додека пратениците се туркаат, а безбедносните сили се обидуваат да воспостават ред. Инцидентот е кулминација на неколкунеделните тензии во кои опозицијата ја обвини владата дека ги игнорира барањата за истрага за корупциските скандали што ја потресоа земјата.
🚨🇦🇱🔥‼️ BREAKING | FLARES IN PARLIAMENT: ALBANIA’S DEMOCRACY COLLAPSES LIVE ON CAMERA 🚨
What you are seeing is not a protest.
It is not “political theatre.”
It is a full institutional breakdown.Inside the Albanian Parliament, opposition MPs ignited flares, physically blocked… pic.twitter.com/OQvVXgGP1d
— Slavic Networks (@SlavicNetworks) December 18, 2025
Корупцијата е клучно политичко и социјално прашање во Албанија со години, а меѓународните институции и организации редовно предупредуваат за проблеми во судството, јавната администрација и системот за јавни набавки. И покрај реформите што официјално се започнати, особено во судството со поддршка на Европската Унија и САД, перцепцијата за широко распространета корупција останува силна кај јавноста.
Случаите во кои се вклучени високи државни функционери, градоначалници и луѓе блиски до владејачките структури привлекоа особено внимание, дополнително поткопувајќи ја довербата на граѓаните во институциите и политичкиот систем.
Европа
(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400
Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород, потврди украинскиот Генералштаб. Нападот, кој се случи на 14 декември, го изврши 15-та одделна артилериска извидничка бригада, а целата операција беше снимена, објави „Евромајдан прес“.
Ваквите напади се дел од пошироката украинска стратегија за ослабување на руската воздушна одбрана, како на руска територија, така и на окупираните територии. Системот С-400 Триумф, модернизиран наследник на советскиот С-300, е клучна компонента на слоевитата мрежа за воздушна одбрана на Русија. Русија повремено го користи и за напад на копнени цели, насочувајќи се кон украински градови. Затоа, уништувањето на овие системи се смета за голем губиток за руските сили.
Според извештајот на порталот Militarnyi, лансирните системи С-400 биле уништени додека биле во движење. Објавените снимки прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, веројатно за време на промена на борбената позиција.

