Свет
Папата на Божик прати порака за мир во светот погоден од војните и тероризмот

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск во своето божикно обраќање изрази надеж во мирот во светот кој е обележан со војните и тероризмот, повикувајќи ги луѓето дека на тој ден да се потсетат на имигрантите, бегалците и на оние кои се погодени со економската нестабилност предизвикана од „идолатријата кон парите“.
Пораката во традиционалното папско обраќање „Ubri et Orbi“ (На гадот и светот) беше годинава исполнета со пораките за војните, насилствата и патењата во периодот кој би требало да биде одбележан со хармонија и мир, симболизирани во раѓањето на Исус.
„Денешната порака оди до крајот на светот за да дојде до сите луѓе, особено оние погодени од војната и жестоките судири кои се чинат посилни од тежнеењата кон мирот“, истакна папата Франциск зборувајќи на италијански јазик.
Папата на четвртиот Божик откако во 2013 година стана поглавар на католиците, ги повика Палестинците и Израелците да имаат храброста да ги истават настрана омразата и одмаздата, и „да испишат нова страница на историјата“. Меѓу двата народа кон крајот на седмицава изби напнатост поради одлуката на Обединетите нации за запирање на израелското населување на спорните територии кои меѓународната заедница ги смета за окупирани палестински од Израел во војната од 1967 година.
„Мир на оние кои загубиле драга личност во бруталните акти на тероризам кои посеа страв и смрт во срцата на многу држави и градови“, рече Папата пред околу 40.000 луѓе собрани на Плоштадот Свети Петар.
Повика на мир во Сирија и забрзано давање помош на исцрпеното население на градот Алепо кој од минатата седмица по речиси четири години повторно е целосно под контролата на сириската влада.
„Време е оружјето да замолкне засекогаш, а меѓународната заедница активно да побара договорено решение за да се обнови соживотот во таа земја“, додаде папата Франциск.
Истакна дека Божик би требало да ги инспирира сите да им помогнат на оние коишто имале помалку среќа, вклучително и мигрантите, бегалците и оние кои се погоден иод општествените и економските немири.
„Мир за оние кои патат поради економските амбиции на неколкумина, поради обична алчност и идолатрија на парите коешто води до ропство“, истакна Папата.
Повика и на крај на „фундаменталистичкиот тероризам“ во Нигерија, каде што исламистичкото движење Боко Харам, кое ѝ изрази лојалност на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, уби повеќе од 15.000 луѓе и протера околу 2,6 милиони жители.
Папата упати апел и за завршување на тензиите меѓу владата и опозицијата во Венецуела, на слога во Колумбија каде што неодамна договорот меѓу судрените страни ја заврши децениската воја меѓу герилците од FARC и владата, како и на мир на Корејскиот полуостров и во Мјанмар./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.