Свет
Дермер: САД го водеа здружувањето во ОН против Израел
Белата куќа го организираше „здружувањето“ против Израел на минатонеделното гласање во Советот за безбедност при Обединетите нации за резолуцијата против доселеничките населби на Западниот брег., изјави во понеделникот израелскиот амбасадор во САД во најновиот еврејски излив на гнев меѓу децениските стратешки партнери и сојузници.
Резолуцијата за израелските доселенички населби во палестинската енклава Западен брег која во петокот ја донесе Советот за безбедност при ОН била формулирана и иницирана од страна на администрацијата на американскиот претседател на заминување Барак Обама, изјави во неделата израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
„Според информациите коишто ги поседуваме, таа резолуција, без сомнение, била иницирана од администрацијата на Обама, која стои во заднината, подготвувајќи ја формулацијата и барајќи го нејзиното прифаќање“, се наведува во изјавата на Нетанјаху која ја објави неговиот кабинет во неделата.
Во понеделникот израелскиот амбасадор Рон Дермер изјави во интервјуто за американската телевизија CNN дека израелската влада планира да ги објави доказите за наводното американско маневрирање, кога ќе дојде времето за тоа.
„Срамно е што САД всушност стојат во заднината на тоа здружување, Мислам дека тоа навистина беше тажен ден, навистина срамно поглавје“, изјави израелскиот дипломат за CNN, што се оценува како невообичаено остар речник за опишување на односите.
„Имаме јасни докази за тоа. Ќе ги претставиме доказите на новата администрација преку соодветни канали. И, доколку тие сакаат да ги споделат со американскиот народ, го поздравуваме тоа“, рече Дермер додавајќи дека израелската влада е длабоко разочарана“ од Вашингтон поради резолуцијата на ОН.
Дермер, исто така, отворено ја обвини администрацијата на претседателот Обама дека им помага на Палестинците „во водењето на дипломатската и правна војна против Израел…“
Со текстот кој беше изгласан во петокот се бара од Израел „веднаш во целост да ја прекине секоја активност на населување на окупираната палестинска територија, меѓу другото и во источен Ерусалим“, и се тврди дека доселеничките населби „немаат правна издржаност“.
Ова е првпат по 1979 година САД да не стават вето на резолуција на Советот за безбедност на ОН за израелското населување, додека досега го поддржуваа Израел околу ова извонредно чувствително прашање. Американскиот претставник со својата воздржаност всушност го овозможи усвојувањето на овој текст за кој гласаа 10 од 14-те земји постојани и непостојани членки на Советот за безбедност./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Не гледам никаква потреба Американците сега да ја спасуваат демократијата во Европа
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека новата национална безбедносна стратегија на САД ја нагласува потребата Европа да стане „многу понезависна“ од САД во однос на безбедносната политика.
Тој изјави дека некои делови од документот се „неприфатливи од европска гледна точка“.
„Не гледам никаква потреба Американците сега да ја спасат демократијата во Европа. Ако треба да се спаси, ние самите ќе го сториме тоа“, рече Мерц.
Тој додаде дека новата американска стратегија ја потврдува неговата проценка дека граѓаните на Европа мора да станат „многу понезависни од САД во однос на безбедносната политика“.
„Не е изненадување, но сега е потврдено. Тоа е документирано“, рече Мерц.
Минатата недела САД објавија документ наречен „Национална безбедносна стратегија“, во кој, меѓу другото, пишува дека претседателот Доналд Трамп има намера да ги запре масовните миграции во светот и да воведе гранична контрола како главен елемент на американската безбедност.
Фото: депозитфотос
Свет
Велика Британија до Трамп: „Обединети сме во нашата поддршка за Украина“
Британската влада денес ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека европските лидери трошат премногу време дискутирајќи за војната во Украина без конкретни резултати. Трамп во интервју за „Политико“ изјави дека европските лидери „зборуваат премногу“ за конфликтот, но не успеваат да придонесат за негово завршување.
„Тие не произведуваат“, рече Трамп. „Ние зборуваме за Украина. Тие зборуваат, но не произведуваат. А војната само продолжува и продолжува“.
Портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер се спротивстави на толкувањето на Трамп за мировните преговори, кои влегоа во клучна фаза речиси четири години по почетокот на руската инвазија. „Јас би го отфрлил тоа“, рече неговиот портпарол. „Видовте колку земји се вклучени во дискусиите на коалицијата. Исто така, ќе ја видевте работата што ја направи Велика Британија во однос на водењето на одговорот на санкциите, вклучително и против таканаречената флота во сенка.“
Сепак, тој потврди дека поддршката на Велика Британија за мировниот план на САД за Украина останува силна и ги поздрави „значајните напори на САД за мир во Украина, што никој не го сака повеќе од претседателот Зеленски“. Портпаролот, исто така, го отфрли описот на Трамп за Европа како „неуспешен“ континент предводен од „слаби“ луѓе.
„Видовте силна врска меѓу премиерот и претседателот“, додаде тој, истакнувајќи го неодамна потпишаниот трговски договор меѓу САД и Велика Британија како пример за соработка насочена кон „обезбедување, заштита и создавање работни места“. Тој, исто така, го спомена единството на земјите од Е3 – Велика Британија, Германија и Франција – кои разговараа со Зеленски во понеделникот, велејќи: „Ќе продолжиме да вложуваме напори за зајакнување на позицијата на Украина, за да се стави крај на оваа варварска војна.“
Во интервјуто, Трамп се осврна и на градоначалникот на Лондон, Садик Кан, тврдејќи дека првиот муслимански градоначалник е избран „затоа што толку многу луѓе дојдоа. Тие сега гласаат за него“. Дипломатски одговор дојде од Даунинг стрит без директно да го оспори тврдењето: „Премиерот има силен однос со претседателот на САД и силен однос со градоначалникот на Лондон, и во двата случаи е посветен на заедничка работа за постигнување подобри резултати за британскиот народ“.
Сепак, коментарите на Трамп предизвикаа остри реакции кај некои пратеници од Лабуристичката партија. „Силата е способноста да се работи со другите и да се привлечат, да се слушаат и да се стекнуваат пријатели“, рече Емили Торнбери, претседателка на Комитетот за надворешни работи. „Не е силно да се обидуваш да ги туркаш другите луѓе“.
Фото: депозитфотос
Свет
Зеленски му одговори на Трамп: „Секогаш сум подготвен за избори“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е „секогаш подготвен за избори“, одговарајќи на претходната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Киев ја користи војната за да избегне избори“.
„Секогаш сум подготвен за избори“, изјави Зеленски за италијанската „Република“, во кратка изјава додека го напушташе хотелот на пат кон палатата каде што треба да се сретне со италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Зеленски додаде дека „и верува на Мелони во преговорите“ што се водат според американскиот мировен предлог за прекин на војната во Украина.
Порано денес, Трамп изјави за „Политико“ дека е време да се одржат избори во Украина.
„Тие ја користат војната за да не одржат избори, но мислам дека украинскиот народ треба да има таков избор. И можеби Зеленски би победил. Не знам кој би победил. Но, тие немале избори долго време. Знаете, тие зборуваат за демократија, но таа достигна точка каде што повеќе не е демократија“, рече Трамп.
Фото: депозитфотос

