Скопје
Општина Центар започнува со пилот-проект “Центар се грижи за возрасните“
Општина Центар започнува со тримесечен пилот проект, “Центар се грижи за возрасните“. Со ова, општината ќе им ја обезбеди потребната нега на возрасните граѓани кои живеат на територија на општината.
Проектот нуди пакети за медицинска грижа за лица на над 64-годишна возраст.
“Во рамките на овој тримесечен пилот проект, ќе бидат доделени 120 субвенции за 120 граѓани, кој секој месец ќе добиваат субвенција во вредност од 4.500 денари“, рече на прес конференција градоначалникот Андреј Жерновски.
Оние граѓани кои ќе добијат вакви субвенции, првично ги посетува социјален работник, кој ги нотира нивните потреби од медицинска нега. Потоа, земајќи ги предвид индивидуалните потреби на секој граѓанин, се одредуваат бесплатните услуги и помош која треба да му се пружи на секој корисник одделно.
Лиценцирани негователи ќе ги посетуваат лицата три пати неделно за да се добие потребната нега. Формуларите за аплицирање ќе се добиваат во архивата на општина Центар, а истите можат да ги подигаат и блиски роднини.
Пријавите ќе ги разгледува стручна комисија, која при изборот ќе води сметка за социјалниот статус, финансиската и здравствената состојба на лицето кое аплицира за помош.
Периодот за апликации почнува денес (27.12.2016) и ќе трае до 27-ми јануари, 2017-та година.
“Јас сум оптимист дека овој пилот проект ќе биде успешен. Во првиот период од буџетот на општината се одделуваат за оваа намена 1.600.000 денари, а во наредниот период, уште 1.600.000 денари. Јас и советниците ги повикуваме сите граѓани на Центар, кои сметаат дека имаат потреба од ваква помош, да поднесат пријава. Апликацијата и неопходната документација треба да се достави во архивата на општина Центар“, рече Жерновски.
Доколку лицата не се во состојба лично да ги достават апликацијата и неопходните документи, може да се јават на телефонскиот 076-313-383 за да добијат понатамошни инструкции. На овој телефонски број можат да се добијат и сите дополнителни информации за проектот.
“Искрено се надевам дека овој проект ќе разбуди континуиран интерес кај граѓаните и доколку успешно се реализира, ќе ми биде огромно задоволство да прерасне во редовна активност на општината. Проектот ‘Центар се грижи за возрасните’ ќе биде одличен механизам за нудење помош на оние на кој им е најпотребна“, рече на прес конференцијата градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

