Свет
Израел би можел да продолжи со подигнување на населбите и покрај резолуцијата на ОН
Израел наскоро би можел да продолжи со подигнувањето на доселеничките населби и покрај резолуцијата на Обединетите нации усвоена во петокот со која од оваа земја се бара да го прекине населувањето на териториите коишто ги смета за палестински окупирани во војната од 1967 година, објави во вторникот израелски функционер.
Комисијата за планирање на градењето во среда ќе расправа за издавањето дозволи за градење 618 станови во источен Ерусалим, кој меѓународната заедница го смета за палестинска територија од светиот град окупирана и анектирана од Израел, соопшти невладината организација која се противи на подигнувањето населби , Ир Амим.
Заменикот градоначалник на Ерусалим, Меир Туржеман за AFP изјави дека изгласувањето на резолуцијата во Советот за безбедност на ОН во петокот, со којашто од израелската држава се бара „веднаш и целосно да го прекине населувањето на палестинските окупирани територии, меѓу кои и источен Ерусалим“, во ниеден случај не го доведува во прашање одамна предводениот повторен состанок.
„Имаме намера сериозно да расправаме за она што е на масата“, вели вториот човек на Ерусалим, додавајќи дека спорниот план се однесува на населбите Писгат Зеев каде се предвидени 140 станови, Рамат Шломо – 262 станови и Рамот – 2016 станови.
Ова е првата резолуција од 1979 година со којашто се осудува израелското населување на палестинските територии во Советот за безбедност, која е усвоена откако традиционалниот израелски сојузника САД сосема неочекувано и првпат не го искористија правото на вето, и со воздржаноста всушност го овозможија носењето на резолуцијата.
Тоа предизвика нов излив на гнев во Израел кон Вашингтон и повторно затегнување на односите со кои беше исполнет особено вториот мандат на американскиот претседател на заминување Барак Обама./крај/мф/сн
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

