Свет
Ердоган зборува за докази за поддршката на IS од коалицијата водена од САД
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во вторникот дека поседува докази за поддршката на терористичките групи во соседна Сирија, меѓу нив и на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (IS) од страна на меѓународната коалиција предводена од САД.
Како што оценува турскиот челник, силите на коалицијата не ги исполнуваат своите обврски во однос на борбата против џихадистичката Исламска држава, којашто ја презема одговорноста за повеќе терористички напади на територијата на Турција, во текот на ова и минатата година, со повеќе десетици жртви, пренесува Reuters.
„Тие не обвинуваа нас за поддршка на Исламската држава. Сега тие ги поддржуваат терористичките групи, меѓу нив и Исламската дражва, YPG (Единици за заштита на народот, милиција на сириските Курди која Анкара ја смета за блиска на забранетата Работничка партија на Курдистан – PKK – з.р.) Ова е многу јасно. Поседуваме докази кои го потврдуваат тоа, вклучително и фотографии и видеа“, изјавил Ердоган во текот на прес-конференцијата во Анкара.
Турција ја смета најголемата курдска партија во Сирија PDS за терористичка организација, која е поврзана со PKK. Групациите Единици за заштита на народот и Женските единици за одбрана, кои се хиерархиски потчинети на Демократскиот сојуз дејствуваат како засебни сили во сирискиот конфликт против исламистичките групации, особено против Исламската држава.
Пред извесно време и сирискиот претседател Башар ал-Асад ги обвини коалицијата и САД за поддршка на џихадистите. Според него, милитантите кои повторно го заземаа градот Палмира успеала повторно да дојдат до него по една година откако беа потисната „или со директна поддршка на Американците, или со нивно премолчено одобрување“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.