Скопје
Општина Кисела Вода издвои два милиони денари за помош на настраданите во поплавите
Со цел да им се помогне на настраданите граѓани од поплавите во град Скопје, на вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно беа донесени две одлуки за давање на парична помош.
Од својот буџет, оваа локална самоуправа издвои 2 000 000,00 денари за санирање на последиците на материјалната штета која ја имаат најпогодените жители на општина Кисела Вода. Средствата ќе бидат исплатени врз основа на категоризацијата на штетата, евидентирана во направените записници од страна на Комисиите за проценка на штетите кои се сочинети од по тројца вработени во општината и по двајца советници и од позицијата и од опозицијата.Парична помош во висина од 600 000,00 денари, општина Кисела Вода издвои како помош за Општина Гази Баба, како најпогодено подрачје од поплавите. И оваа одлука беше акламативно поддржана од страна на сите советници.Воедно, во тек е хуманитарна собирна акција која општина Кисела Вода ја организираше за помош на населението кое претрпе штети. Истата се одвива во сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода, кои работат со продолжено работно време, од 06:30 до 22 часот.На овие локации, сите хумани граѓани во рамки на своите можности веќе донираат флаширана вода, конзервирана и бебешка храна и хигиенски средства кои во моментов им се најпотребни на семејствата погодени од поплавите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




