Европа
Јункер ќе ги објави новите еврокомесари
Новиот претседател на Европката комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер во среда во Брисел ќе ги објави имињата на новите еврокомесари и ресори, меѓу кои и комесарот за „европско соседство“, а во надлежност на оваа функција ќе бидат односите со земјите во опкружувањето на Европската унија (ЕУ), вклучувајќи и политиката за приемот на новите земји во Унијата.
Европските дипломати оценуваат дека највеќе шанси за функцијата еврокомесар за европско соседство има Австриецот Јоханес Хан, а овој ресор би можел да му припадне и на Словакот Марош Шефчович.
Унгарските медиуми пак последниве денови пишуваат дека и шефот на унгарската дипломатија, Тибор Наврачич исто така сакал да ја добие функцијата на комесарот кој ќе биде задолжен за проширување и односи со соседите на ЕУ. Според европските медиуми пак, нема да има посебен комесар за политиката во однос на приемот на новите земји.
Како објаснување за ова се наведува дека проширувањето сега станува техничко, а не политичко прашање, бидејќи сите земји кандидати ги имаат започнато евроинтеграциите а некои веќе и преговорите за членство, а некои на патот кон ЕУ напредуваат преку Договорот за ста билизација и асоцијациија.
Медиумите засега не добиле одговор од претставниците на ЕК околу тоа дали укинувањето на фунцкијата еврокомесар за проширување е политичка порака за владите и граѓаните на оние земји кои во моментот се на патот кон ЕУ.
Јункер неколку пати повтори дека за време на неговиот петгодишен мандат нема да има прием на нови земји членки. Според европските дипломати пак, ова претставува и реален развој на настаните, бидејќи е јасно дека и Србија и Црна Гора, кои во моментов преговараат за члентство, за пет години технички не можат да ги затворат преговорите и да дојдат до договор за членство во Унијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви
Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ.
Пожарот избувна на четвртиот кат од хотел со 11 ката во ски-центарот Карталкаја во Болу рано наутро во вторникот, а пожарникарите се уште работат на гаснење, изјави за ТРТ гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Тој рече дека причината за пожарот не е позната, но дека властите ќе истражат, додавајќи дека пожарот започнал на подот од ресторанот. Во хотелот имало 234 гости, додаде гувернерот.
Европа
Папата го критикува планот на Трамп: „Срамота“
Папата Франциско ја критикува најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе почне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, по преземањето на функцијата.
Во интервју за италијанската телевизија „Канал 9“, папата рече дека би било срамота доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави „Ројтерс“ во понеделникот додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Католичката црква.
Франциско, духовниот водач на 1,4 милијарда католици, обично внимателно ги избира зборовите кога зборува за политички прашања.
Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.
„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече папата.
Европа
Се судрија два брода на реката Елба, 11 повредени
Единаесет лица се повредени кога транспортен брод се судри со траект на реката Елба во северниот германски пристаништен град Хамбург, соопштија денеска пожарникарите.
Едно лице добило повреди опасни за животот, изјави портпаролот во близина на местото на несреќата. Бродовите се судрија рано утрото во близина на мостот „Колбранд“ во југозападниот дел на Хамбург.
Причините за несреќата сè уште не се познати.