Црна хроника
Украдени два пиштоли во Прилеп

Во две одделни кражби во Прилеп викендов, украдени се два пиштоли, пари, злато, техника, паричници.
Имено, ноќта од саботата кон неделата, Р.Т. од Прилеп, пријавил дека непознато лице извршило разбојништво во неговата куќа. Сторителот го скршил цилиндерот од бравата на влезната врата на приземјето од куќата сопственост на оштетениот, влегол внатре, извршил пребарување по собите и одзел златен накит, два дигитални фотоапарати, дигитална камера, 500 евра и 100 американски долари и пиштол калибар 7,65мм, кој го поседувал со дозвола, два лап-топ компјутери, паричник во кој имало 6.000 денари и 50 австралиски долари, а потоа го напуштил местото. Во неделата пак, А.Т.(39) од Прилеп, пријавил дека од 18 до 20 часот во неговиот стан, непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот влегол внатре и одзел пиштол калибар 9мм, кој оштетениот го поседувал со дозвола, околу 13.000 денари и 300 евра, паричник со дебитни картички, а потоа го напуштил местото упатувајќи се во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.