Скопје
Отворена нова рекреативна просторија во ПОУ „Златен Сремац“
Новата просторија за дневен престој во Посебното основно училиште „Златан Сремац“ во Скопје, реконструирана со средствата собрани од четвртиот Меѓународен добротворен базар, во среда беше пуштена во употреба.
Меѓународниот добротворен базар се одржа на 7-ми јуни годинава во организација на „Добредојде“ – Македонија Велкам Центар („Dobredojde“ Macedonia Welcome Center – DMWC), а годинава за првпат беше поддржан од Градот Скопје.
Во рамките на настанот, на просторот во Градскиот трговски центар повеќе амбасади и странски претставништва на штандови продаваа ракотворби и производи карактеристични за нивните држави. Во рамките на оваа манифестација беа собрани 172.000 денари, средства кои беа искористени за реконструкцијата и пренамената на новата просторија за дневен престој во ПОУ „д-р Златан Сремац“.
На пуштањето во употреба на оваа просторија пред присустните се обратија Душанка Дивјак-Томиќ, амбасадор на Република Србија и почесен претседател на 4-от DMWC Меѓународен добротворен базар 2014, Мери Стојкова, директорка на ПОУ „Златан Сремац“ и Емилија Миладинова-Аврамчева, претседателка на „Добредојде“ – Македонија Велкам Центар кои се заблагодарија на сите лица инволвирани во реализацијата на овој проект за нивниот ангажман и поддршка.
Пуштањето во употреба новата просторија за дневен престој беше проследено со настап на децата од ПОУ „Златан Сремац“, а потоа на децата им беа поделени пакетчиња, подарок од Американската стопанска комора во Македонија.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
(Фото) Кисела Вода: Компјутери, принтери и телевизори за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес, извести Општината.

„Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални содржини.

Со оваа инвестиција, општина Кисела Вода уште еднаш ја потврдува својата определба за дигитализација на образованието и создавање современи услови за учење, во чекор со новите образовни стандарди и потребите на учениците“, соопштуваат од Општината.

– Нашата цел е децата да учат во современи и опремени училишта, каде што ќе имаат можност да стекнуваат знаења и дигитални вештини неопходни за нивниот понатамошен развој. Компјутерите, принтерите и телевизорите кои ги обезбедивме во училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ се уште еден конкретен чекор во таа насока, а учениците по зимскиот распуст ќе бидат пречекани со значително подобри услови за настава, изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.




