Контакт

Надворешна политика

Бил Николов: Доволно е Канада да ги прогласи преговорите за името за бесмислени

Објавено пред

Доволно е само една западна држава со здрав разум да ги оквалификува преговорите за името меѓу Македонија и Грција како бесмислени и како напад врз основните човекови права и правото на една земја на самоопределување. Со тоа всушност ќе заврши спорот измислен од Грција, како последица на нивната бесрамна ксенофобија, вели Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права.

dobivaj vesti na viber

 

 

Во продолжение го пренесуваме интегрално текстот на Бил Николов.

 

„Која ќе биде државата која ќе го направи тоа? Овој спор е истовремено голем товар и за меѓународните организации за човекови права. Амнести Интернешнал и Хјуман рајтс воч, имавте над 20 години, што уште чекате? Да се осврнеме на тековната канадска предизборна кампања. На македонските Канаѓани, како и на многу други етнички групи, во замена за гласови и обезбедување неброени саати волонтерска работа за помош на локалните кандидати, од страна на политичките партии им се ветуваат работи кои што сигурно нема да бидат реализирани откако кампањата ќе биде завршена. Па, ајде во оваа кампања да се обидеме со нешто различно. Реализација однапред. Политичките партии би покажале дека нив всушност може да им се верува, па така тие ќе придобијат многу посветени поддржувачи. Да го проанализираме малку бесмислениот спор со името меѓу Македонија и Грција. Канада во 2007 година му се приклучи на мнозинството на светот со признавањето на Република Македонија да го користи своето вистинско име, и, со тоа ги обезбеди гласовите на македонските Канаѓани. Стивен Харпер добро го памети величенствениот дочек кој што му беше приреден од македонските Канаѓани во 2009 година во Торонто. Тоа беше доволна причина многумина да им останат лојални на конзервативците. Сепак, тие не го направија следниот логичен чекор, да ги осудат бесмислените преговори за името. И не само што пасивноста на Конзервативната партија по ова прашање ги загржува македонските Канаѓани, туку нивното отворено залагање да ги придобијат гласовите на Канаѓаните со грчко потекло, целата ситуација ја прави уште полоша. На пример, пред Костас Менегакис да стане пратеник од Конзервативната партија, тој организирал митинзи против Конзервативната партија и анти-македонски митинзи по повод признавањето на Република Македонија. Г-дин Менегакис тврдеше дека грчките Канаѓани никогаш нема да гласаат за Конзервативната партија. Очигледно, конзервативците го видоа тоа како повод за да му се додворат, па тој е сега се кандидира за втор мандат како конзервативец. Иако Либералната партија до крајност ги бранеше ставовите на грчко-канадската заедница, го осудија своевремено признавањето на Македонија и му дозволија на пратеникот Џим Каријанис во неколку прилики јавно да манифестира расистички пароли против канадските Македонци. Г-дин Каргијанис беше дури и фатен на видео како држи некакво предавање на кое што го оправдува бомбардирањето на македонските цивили од страна на Грција за време на грчката граѓанска војна. Можеби нивниот став е променет на подобро во меѓувреме, или па станал уште полош. Па, либерали, што е точно од ова? НДП и Партијата на зелените и натаму не се изјаснуваат во врска со ова прашање. Не баш многу смела надворешно-политичка стратегија. Грција го отвори прашањето за името со цел да го блокира признавањето на новата независна држава Република Македонија во 1991 година и да може да продолжи со негирање на постоењето и со прогон на големото македонско малцинство. Притоа се тврдеше дека Македонија се обидува да узурпира едно „историско грчко” име, иако до 1988 година, политиката на Грција, поткрепена и со многу документи, беше дека Македонија никогаш не постоела. По анексирањето на половина од територијата на Република Македонија во 1913 година настојуваа да се искорени нејзиното постоење, а таквата политика продолжува и денес. Според првиот посредник на ОН во спорот за името, Робин О’Нил, „Македонија не смее и нема да го смени името, со цел да се смири Грција. Ако Македонија подлегне на притисоците и го смени своето име, таквиот потег само ќе им даде повеќе сила и мотив на Грците за да ја постигнат нивната крајна цел – Македонија да исчезне од мапите”. Тоа е, всушност, Грција е всушност таа која што се обидува да го узурпира името на Македонија. Со оглед на сето ова, имам легитимно право да се запрашам, зошто Македонија е во преговори за сопственото име. Накратко одговорот би бил дека се плаши од гневот на САД кои се заканија дека доколку Македонија се повлече од преговорите за името, тие ќе ја повлечат економската и воена помош, притоа тврдејќи и дека би еруптирала граѓанска војна со албанското малцинство во Македонија. Прилично иронично, со оглед на фактот дека САД ја признаа Македонија во 2004 година. Многу ниско и лицемерно од надворешната политика на САД. Ова е моментот каде што Канада и сите четири големи политички партии треба да реагираат. Тие можат да му покажат на остатокот од светот дека се’ уште се залагаме за традиционални канадски вредности и за човекови права. Канада има шанса да стави крај на оваа бесмислена дебата, и тоа треба да го направи.

 

Бил Николов, претседател Македонско меѓународно движење за човекови права /крај/мф

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ4 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ4 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија5 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија7 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија8 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ8 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија10 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија10 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија12 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ12 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ13 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија13 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион13 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет14 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа15 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион16 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија16 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија17 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ1 ден

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...