Црна хроника
Паднал во бессознание откако го натепале тројца

Четиресетгодишен маж паднал во бессознание во Штип, откако тројца го тепале, меѓу кои и еден малолетник, кој го урдил со тап дел од секира, соопшти полицијата.
Имено, во средата околу 21 часот, во Штип, на улицата „Партизанска“, лицата М.К.(37), М.А.(42) и 15-годишно малолетно лице физички го нападнале Е.Д. (40), при што малолетникот со тапиот дел од секира го удрил во пределот на главата по што паднал во бесознание. Тој со возило на брза помош е пренесен во клиничката болница во Штип, каде му е укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди, па бил задржан на лекување. По преземени мерки двајцата осомничени се приведени и со нив е разговарано, додека по М.А. се трага. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.