Црна хроника
Поштар украл пензии во Радовиш
Поштар од Радовиш кој разнесувал пензии, наместо да им ги даде парите на пензионерите, си ги зел за себе.
Триесетгодишниот Д.И. од Радовиш, вработен како поштар-разнесувач во АД „Македонски Пошти” подружница Радовиш, минатиот месец присвоил 39.943 денари кои му биле доверени за исплата на пензии. На задолжените налози за исплата на готовина во рубриката потпис на примачот, истиот своерачно ги потпишал во име на трето лице различно од примачот за кого биле наменети средствата.
Вака потпишаните налози ги користел за раздолжување кај претпоставените во АД „Македонски Пошти”.
ПС Радовиш поднесе кривична пријава против Д.И. поради основано сомнение дека сторил кривично дело „проневера во службата”, „посебни случаи на фалсификување исправи” и „употреба на исправа со невистинита содржина”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе
Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот, во семејниот дом физички го нападнала своето шестмесечно бебе.
Бебето било итно пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана лекарска помош.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Кратово нападнала вработени во Центарот за социјални работи
Полицијата во Кратово поднесе кривична пријава против Е.М. (38) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти МВР.
На 3 октомври 2025 година, во Кратово, пријавената со дрвен предмет се обидела да нападне вработено лице во Јавната установа „Центар за социјални работи“ – Кратово, а упатувала и закани кон други вработени во установата додека ги извршувале своите работни задачи.
Топ
Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром
Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата го лоцирала возачот по кратка потера и го привела. При алкотест му биле измерени 0,97 промили алкохол во крвта, а по распитот бил изнесен пред судија за прекршоци.
Осомничениот се товари за 3 прекршоци, недозволена брзина, напуштање на лице место и возење под дејство на алкохол.

