Црна хроника
Деветнаесетгодишен возач во Тетово прегазил девојче
Деветнаесетгодишен гостиварец во понеделникот попладне прегазил малолетно девојче, пешак во Тетово.
Сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово кога патничко возило „голф“ со гостиварски регистерски таблизи удрило во единаесетгодишно девојче од Тетово.Од ударот девојчето се здобило со телесни повреди. Возачот лично ја пренел во тетовската клиничка болница каде и била укажана помош по што е пуштено на домашно лекување. Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата./крај/мф
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка сообраќајка во Скопско: повредени шест лица, меѓу нив и двегодишно девојче и малолетници
Вчера во 14:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат од с.Кондово кон с.Долно Свиларе, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(27) од с.Долно Свиларе.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач и неговиот 14-годишен сопатник од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле 15-годишник од с.Кондово, 17-годишник од Скопје, сопатници од возилото „фолксваген голф“, како и 27-годишната А.М. и двегодишно девојче од с.Долно Свиларе, сопатнички од возилото „фолксваген пасат“, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Маж од Виничко и 26-годишник од Штип пијани предизвикале сообраќајни несреќи, битолчанец не застанал на знак за запирање
Вчера во 16:50 часот на патот А3, на место викано „Превалец“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Ј.Ѓ.(60) од село Истибања, виничко. Претходно, на патот тој со возилото „фиат“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „шкода“, управувано од М.Г.(56) од Делчево.
При преземење мерки во врска со негодата, полициските службеници констатирале дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,52 промили алкохол во крвта.
Вчера вечер во 23:16 часот на ул.„8 Септември“ во Битола, при контрола во сообраќајот со радар, полициски службеници од СВР Битола констатирале дека патничко возило „волво“ со битолски регистарски ознаки се движи со брзина од 112 километри на час. Возачот не застанал на даден знак за запирање и со возилото продолжил со движење.
Исто така на улицата „Косовска“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.К.(26) од Штип. Околу 20:10 часот на истата улица, тој со патничко возио „ауди а4“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „ауди а6“, управувано од Е.Д.(37) од Штип.
При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта. Исто така, во врска со незгодата, А.К. пријавил дека бил физички нападнат од Е.Д..
Вчера во 08:41 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Узем, кривопаланечко, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода В.А.(54) од Скопје. При контрола во сообраќајот со радар констатирано е дека управувал патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 98 километри на час на место каде со сообраќаен знак дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.
По целосно расчистување и документирање на случаите, против сторителите ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Пронајдени тројца мигранти од Кина, уапсен шверцерот, следува пријава
Вчера во 19:00 часот на улицата „Борис Кидрич“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода М.И.(22) од Неготино.
При контрола во патничко возило „бмв х1“ со луксембуршки национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се три лица мигранти од Кина, додека при дополнителни проверки констатирано е дека табличките припаѓаат на друго возило.
Мигрантите се спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против М.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

