Контакт

Црна хроника

Мајката на Jошеска до Хаџиски: Нема да избега од Божјата правда – проширена

Објавено пред

По 22 години од убиството на нивната ќерка и сестра, мајката и сестрата на убиената Мери Јошеска повторно се соочија со обвинетиот за убиството, Миле Хаџиски, кој се товари дека во 1993 година на грозоморен начин ја убил Мери во нејзиниот дом. И двете му порачаа дека ќе го стигне Божјата правда.

dobivaj vesti na viber

Мајката на Мери, Јелица Јошеска, остана на исказот кој го дала  на судењето во 1993 година, но за неа ова е нов стрес бидејќи не очекувала да има ново судење за Хаџиски, туку очекувала дека ќе ја одлежи затворската казна на којашто бил осуден.„Такво грозоморно убиство дотогаш немало во Македонија, па и во другите земји, за разлика од денес кога секојдневно се случуваат вакви злосторства. Тој ја ‘скина лентата’ на ваквите злосторства. Нам ни е образот чист, тие треба да се срамат. И десет адвокати да го бранат, од Божјата рака никој не може да избега. Тоа ме одржува во живот, дека од Божјата правда нема да избега. Во ништо не верувам, сé е корумпирано, сé е за повеќе пари, но следејќи го животот, од Божјата правда никој не избегал“, рече мајката Јелица.Таа верува дека можеби Мери ќе останела жива, доколку Хаџиски веднаш по злосторството викнел Брза помош.„Ако имал барем ронка чувства и домашно воспитување, откако го извршил злосторството, да викне брза помош можеби ќе се спасела. Но крвникот продолжил да краде, се накитил и седнал во кафуле да прослави“ рече Јелица. Таа се откажа од секакво оштетно побарување, бидејќи, како што рече, ништо не може да ја врати нејзината ќерка.„Не е праведно  кон ќерка ми. Загубата на ќерка ми нема никаква цена и зграда да имав би му ја дала само да останеше жива. Она што јас би го побарала, го сметам за нешто гнасно. Од таа страна е сé валкано, не ни треба ништо“, рече мајката. Таа е задоволна од експедитивноста на полицијата во случајот, но вели дека на Хаџиски со врски му било овозможено да избега од Македонија.„Специјален закон за него се донесе експресно, за три месеца ако нема пресуда да се брани од слобода. Не сакам да мешам тука партии, роднини, познаници“, рече Јелица. И сестрата на Јошеска остана на исказот којшто го дала на судењето во 1993 година. „И по 22 години болката што ни ја нанесе оваа гнида останува иста. Болката што ни е нанесена нема цена, празнината во душата е иста како во 1993 година откако почина мојата сестра и таа празнина никој не може да ни ја надомести. Единствена потреба да дојдам тука е тоа што сметам дека правдата, сепак, треба да излезе на виделина и со тоа сакам да се оправдам пред мојата сестра која е на оној свет, дека ние сме со неа и дека не сме ја заборавиле. Божјата рака ќе го стигне“, рече Јошеска.Таа немала никакви контакти со сведоците кои се појавиле на судењето пред повеќе од 20 години, иако ѝ биле познаници на нејзината сестра. „Тие ѝ биле пријатели во наводници, никој не ме прашал како се чувствувам“, рече Јошеска.На Хаџиски му порача дека ако имал барем малку човечност немало да бара повторно судење, туку достоинствено ќе си ја одлежел затворската казна.„Без око да му трепне си формирал семејство, се прашувам дали има чувства за своите деца, како ќе му биде ако, не дај Боже, загуби некое од нив“, праша сестрата на Мери која побара отшетата за случајот.Обвинетиот Хаџиски додека ги слушаше сведочењата на мајката и сестрата на Мери молчеше и неколкупати се прекрсти. По сведочењето на мајката се колебаше дали стане и да каже нешто, но премолчи.

Тој на дополнително прашање од судијката негираше дека пред да се случи убиството бил член на некои верски групации надвор од Македонската православна цркваНеговите бранители побараа еден од сведоците во случајот да биде повикан да даде исказ и да бидат повикани вештите лица од Институтот за судска медицина, од неврохирургија и од МВР. Според адвокатот Стеван Павлески, записникот за увид бил противречен со вештачењето од МВР. Во записникот немало податоци дека бил пронајден отпечаток од прст на масата во дневната соба, а во вештачењето на МВР овој отпечаток бил регистриран. Но судијката ги одби сите барања на бранителите, бидејќи дилемата за отпечатоците била расчистена во 1997 година, а сите предложени сведоци имале дадено исказ на претходните судења. Миле Хаџиски во исказот на минатото рочиште рече дека не се сеќава на убиството. Се сеќава единствено како се нашол кај Мери, дека почнале да се расправаат и после тоа одеднаш се нашол дома.И покрај неговото тврдење дека ништо не се сеќава на чинот на убиството, Хаџиски во својот исказ кажа детали за настанот, како тоа дека со сигурност не ја удрил Јошеска со пепелник по главата и дека по убиството се сеќава дека се нашол дома и дека на своите алишта имал крв.Тој во судницата раскажа низ „што сè поминал“ изминативе 22 години, додека бегал од правдата во Македонија и рече: „Јас сум најголемиот грешник што влегол во оваа судница, го молам Господ да ми ги прости гревовите. Јас долго време бев убеден дека можеби сум го направил тоа, а сега сè повеќе гледам дека имало друга заднина“.Според обвинението, Хаџиски ја удрил Јошеска со пепелник во главата и вратот и со кујнски нож ѝ нанел 40 убоди во пределот на црниот дроб и градите. Потоа украл златен накит и избегал.Хаџиски една година подоцна бил осуден на 15 години затвор и тогаш во судницата изјави „Ничии раце во судницава не се окрвавени како моиве. Им изразувам сочувство на семејството Јошевски сакам да знаат, дека тоа го сторија моите раце, но не и мојата совест“. Но поради пропусти во постапката судењето беше вратено на повторно судење, а Хаџиски по 90 дена минати во притвор беше ослободен. На повтореното судење, доаѓаше на неколку рочишта, но потоа избега од земјава. На тоа судење беше осуден на 20 години затвор, но исто толку години македонската полиција не можеше да го најде.Откако избега од земјава, се приклучил во Легија на странците во Франција, каде служел 15 години, под друго име Зоран Томовиќ./крај/мф/ффс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце

Објавено пред

Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Објавено пред

Радовишанец со месеци силувал малолетничка

dobivaj vesti na viber

Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз

Објавено пред

Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија10 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија10 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија12 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија16 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ16 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија18 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија19 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија19 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија20 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија20 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија20 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 ден

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија1 ден

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија1 ден

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 ден

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...