Црна хроника
Велешанец во крв и бесознание најден пред гаража
Педесетгoдишен велешанец пронајден е во саботата рано изутрината со тешки повреди, облеан во крв и во неконтактибилна состојба.
Анонимен граѓанин се јавил околу 03,00 часот во брза помош и пријавил дека на улицата „Лазе Осмаков“, поточно на влезот од гаражите лежи повредено лице.
Екипа на бзата помош излегла на лице место, каде што бил пронајден Т.Д.(1965) од Велес, кој имал повреди во пределот на главата и градниот кош и бил облеан со крв по телото.
Т.Д. во неконтактибилна состојба е пренесен во Медицинскиот центар во Велес, но поради сериозноста на повредите е префрлен во Кличничкиот центар Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник
17-годишен малолетник вчера удрил во 42-годишен пешак, Е.К., додека управувал автомобил „деву тико“ со битолски таблички на улицата Козјак во Битола,
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што му била укажана медицинска помош.
СВР Битола извршила увид на местото на несреќата. По проверките било утврдено дека малолетникот управувал возило и покрај тоа што сѐ уште немал возачка дозвола.
Според насоките од јавниот обвинител, 17-годишникот бил приведен, а возилото одземено.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

