Црна хроника
Пошле во викендичката, начекале крадци
Двајца кумановци отишле во викендичката, а таму ги пречекале крадци со пиштоли, ги врзале со кабел, украле се од викендицата и со возилото на домаќините избегале.
Како што соопшти полицијата, во понеделникот, З.С. (51) од Куманово пријавил дека во неговата викенд куќа во месноста Зубовска река, во атарот на село Зубовце, кумановско, над него и неговиот сосед Л.Д. (64) од Куманово, двајца непознати сторители извршиле разбојништво.
Кога З.С. и Л.Д. дошле пред влезната врата на викендичката, излегло непознато машко лице кое им вперило пиштол и им рекло да влезат внатре, каде било уште едно непознато лице.
Сторителите им пребарале по облеката и од З.С. одзеле околу 8.000 денари и мобилен телефон, а од Л.Д. одзеле околу 2.000 денари и мобилен телефон.
После тоа, едното лице држело пиштол вперен кон нив, а другото со кабел им ги врзало рацете и нозете, по што излегле од викендицата и со автомобил „рено сеник“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на З.С., побегнале во непознат правец.
По неколку минути и двајцата успеле да се одзврзат, излегле надвор и од соседите побарале телефон и настанот го пријавиле во полициска станица. Од извршениот увид во викендицата, и по кажување на оштетениот, од викендицата недостисгаат телевизор, сателитски ресивер, ДВД, појачувач, музички миксети и други предмети. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.

