Uncategorized
Пратениците треба да поднесат анкетен лист и изјава за судир на интереси до ДКСК
Новоизбраните пратеници и оние на кои им престана мандатот, до 30-ти јануари треба да поднесат анкетни листови и изјава за судир на интереси до Државната комисија за спречување на корупцијата.
„Согласно законот за спречување на корупција, сите избрани и именувани лица во рок од 30 дена од нивното назначување, во конкретниов случај за пратениците на коишто им престана мандатот и на оние коишто им почна новиот мандат од денот на нивното назначување, односно изборот, имаат обврска да поднесат Анкетни листови и изјава за судир на интереси до Државната комисија за пречување на корупцијата за да го обелоденат имотот со она што располагаат“, рече Игор Тантуровски, претседател на ДКСК.
Тој во моментот немаше информација дали нешто е пристигнато, поради празничниот период.
„Досега можам да кажам дека можеби и сто отсто пратениците се придржуваат кон законските одредби и го пријавуваат својот имот до ДКСК. Очекувам дека и сега ќе се случи истото. И на оние, на коишто им престана мандатот ќе поднесат Анкетни листови за престанок на функцијата. Доколку не се поднесат, согласно законот, предвидени се и законски санкции, но се надеваме дека до тоа нема да дојде“, рече Тантуровски.
Пратеникот е должен најдоцна во рок од 30 дена од верификацијата на мандатот да пополни анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост, или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки.
Пратеникот, исто така, е должен да пополни анкетен лист во рок од 30 дена по престанокот на мандатот.
Доколку пратеникот во рок од 30 дена по престанокот на мандатот биде избран или именуван на иста или на друга функција, должен е да ја извести Државната комисија за спречување на корупцијата за новиот избор или именување.
Податоците од анкетните листови на пратениците, според Законот, претставуваат информации од јавен карактер освен податоците заштитени со закон и се објавуваат согласно со закон./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

