Европа
Оружјето најдено кај Амри во Италија е истото од кое е пукано во Берлин

Оружјето коешто во Милано го користел 24-годишниот Тунижанец Анис Амри, кога беше застрелан во престрелка со италијанската полиција при рутинска контрола, е истото со коешто е убиен полскиот возач чиј камион неколку часа подоцна е употребен вечерта на 19-ти декември за нападот на божикниот базар во Берлин, извести во средата италијанската полиција.
Иследниците до овој заклучок дошле споредувајќи ги чаурите од куршумите истрелани во Берлин и во Сесто Сан Џовани, северното предградие на Милано, каде што Анис Амри на 23-ти декември рани полицаец пред да биде убиен, се вели соопштението на италијанската полиција кое го пренесува AFP.
Со балистичкото споредување заклучено е дека Амри минал дел од Европа, од Германија преку Холандија и Франција до Италија, со истото оружје. По нападот со камион во кој уби 12 луѓе а повреди уште 48, успеал да ја мине германската граница, со автобус повеќе од 15 часови патувал од Амстердам до Лион, а потоа со воз до Милано.
Со сигурност е утврдено дека истото оружје е користено и за убиството на полскиот возач на камионот 37-годишниот Лукаш Урбан, кој превезувал метални конструкции од Италија за Полска. Неговото тело беше најдено во кабината на шлеперот, со повреди од нож и од огнено оружје.
Експертите од Италија, кои се во постојан контакт со германските колеги иследници, сега настојуваат да откријат дали истото оружје е користено и во други злосторства./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија го нападна Харков со дронови четврти пат за една недела, четири лица загинаа

Русија лансира серија беспилотни летала во нападот на Украина во текот на ноќта, при што загинаа најмалку четири лица, а беа ранети 35 во североисточниот град Харков, соопштија регионалните власти.
Во четвртиот ваков напад врз градот оваа недела руски беспилотни летала погодија станбени области оштетувајќи неколку високи згради и предизвикаа повеќе пожари.
Спасувачките екипи цела ноќ ги пребаруваа урнатините барајќи преживеани.
Overnight, Putin’s forces attacked Kharkiv with deadly drones. At least four civilians were killed and more than 30 injured. The target of the strike was a residential building.
A massive fire broke out at the scene, covering an area of over 600 square metres. pic.twitter.com/7q0DnIBQJB
— KyivPost (@KyivPost) April 4, 2025
„Од утрово, за жал, веќе има четворица мртви. Телото на уште едно лице ,кое беше убиено од рускиот агресор (беше извлечено) од урнатините“, рече градоначалникот Ихор Тереков на апликацијата „Телеграм“. „Имаме и 35 ранети“.
Канцеларијата на главниот обвинител соопшти дека обвинителите работат на идентификување на убиените. Во соопштението беше наведено и дека меѓу повредените во нападите со дронови има и три деца.
Украинските единици за воздушна одбрана и мобилните групи за лов на беспилотни летала соборија 42 од 78 руски беспилотни летала во текот на ноќта низ Украина, соопшти военото воздухопловство.
Минатата недела Харков беше цел на напади со руски беспилотни летала речиси секоја вечер. Градските индустриски компании и инфраструктурата беа оштетени во претходните напади, соопштија властите.
Европа
НАТО: Ова се вистинските загуби на Русите во Украина, ситуацијата е многу тешка

Русија претрпе околу 900.000 жртви откако ја започна својата инвазија на Украина пред повеќе од три години, изјави во четвртокот висок претставник на НАТО. Според податоците на НАТО, до 250.000 војници загинале во конфликтот што избувна на 24 февруари 2022 година.
Украина се брани од руска инвазија со широка поддршка на нејзините западни сојузници. Откако киевските сили успеаја да ја вратат контролата врз дел од територијата што првично ја зазеде Русија, двете страни се најдоа во повеќемесечна војна на исцрпување, при што Русите постепено остваруваа територијални придобивки.
Според оценката на НАТО, „ситуацијата на бојното поле е сè уште многу тешка“.
– Иако не очекуваме голем пробив на украинските одбранбени линии во следните неколку месеци, дури и ако Москва продолжи да напредува, веруваме дека Русија ќе продолжи да го зголемува притисокот долж линијата на фронтот и врз Украина воопшто – рече функционерот на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел.
Укажувајќи на неодамнешните територијални придобивки на руските сили во источна Украина, вклучително и Торецк и во близина на Покровск, официјалниот претставник рече дека Русија ја продолжува својата стратегија за „големи загуби во замена за бавни придобивки“.
Русија претрпе 35.140 жртви само во февруари, според официјални лица. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека го смета минатогодишниот ненадеен упад на непријателска територија за успешен и покрај општото повлекување на неговите војници од рускиот регион Курск.
Киев одлучи да ја донесе војната во Русија со започнување на сопствена ограничена инвазија во август.
– Целосно е фер војната да се врати таму од каде што дојде – рече Зеленски во видео обраќањето.
Европа
(Видео) Зеленски: Успехот во Курск ги спаси регионите Суми и Харков

Успехот на операцијата Курск спаси многу животи и ги заштити украинските региони Суми и Харков, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на состанокот со војниците на 36-та одвоена поморска бригада, именувана по контраадмиралот Михаил Билински, и 82-та одвоената воздушна јуришна бригада, кои учествуваат во Курск, пренесе УНН.
Според украинските медиуми, Зеленски ги сослушал извештаите за напредокот на борбените операции во одбранбената зона, а особено за тактиката на севернокорејските единици вклучени во конфликтот. Со командантите разговараше и за обуката на војниците, развојот на системи за беспилотни летала, употребата на беспилотни летала со оптички влакна и соработката во рамките на проектот Линија на дроновите.
Our warriors, our defense.
I was briefed on the course of the Kursk operation – our active operations in designated areas on enemy territory.
We continue to defend the Sumy and Kharkiv regions by destroying the occupiers on the approaches to our land.
I’m grateful to all the… pic.twitter.com/xxYcYZSkzs
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 3, 2025
Зеленски истакна дека му претставува чест лично да им се заблагодари на војниците и да им додели државни награди. „Цела Украина е благодарна за вашата храброст и издржливост“, додаде претседателот.