Контакт

Регион

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија поради Харадинај

Објавено пред

Властите во Приштина побараа од Европската унија во четвртокот врз Србија, којашто е земја кандидат за членство, да изврши притисок и да се откаже од меѓународниот налог за апсење за поранешните косовски герилци, вклучително и налогот за поранешниот премиер Рамуш Харадинај, кој е уапсен во Франција.

dobivaj vesti na viber

Рамуш Харадинај, еден од командантите на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК – UCK), во средата беше уапсен на аеродромот Басел-Мулус во источна Франција врз основа на меѓународната потерница која ја издаде Србија, иако сегашниот челник на косовска опозиција против кој Меѓународниот суд за воени злосторства извршени на територијата на поранешна Југославија во Хаг водеше процес за воени злосторства сторени во судирот 1998/1999 година, беше ослободен во 2008 откако му беше судено по 37 обвинувања и потоа повторно ослободен на апелациониот суд во 2012 година.

Владата во Приштина и тамошните опозициски лидери веднаш повикаа да запрат преговорите за нормализација на односите со Србија кои се водат со посредство на ЕУ. Тие преговори се предуслов за двете земји во процесот на приближување кон полноправното членство на ЕУ.

Од безбедносни извори беше соопштено дека Србија издала меѓународни потерници за околу 20 лица од нејзината поранешна јужна покраина, повеќето припадници на ОВК.

„Со ваквото примитивно постапување, Србија не само што му наштетува на духот на дијалогот за добрососедски односи, туку исто така покажува дека е дестабилизирачки фактор во целиот регион и оттаму меѓународните партнери би требало сериозно да се загрижат“, изјави косовската министерка задолжена за дијалогот со Србија под покровителство на ЕУ./крај/мф/сн

Регион

Плинска боца експлодира во стан на српски туристи во Грција, има повредени

Објавено пред

Од

Пет туристи од Србија се повредени денес во експлозија на плинска боца во изнајмена соба во Аспровалта, во регионот на Солун, од кои еден доби тешки изгореници, објавува Катимерини.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила денес околу 15:30 часот под сè уште неразјаснети околности.

Најтешко повреден е 41-годишен маж, кој се здобил со изгореници, додека другите се здобиле со повреди од скршено стакло, објавува Катимерини, додека Прототема објавува дека маж со изгореници од прв и втор степен и жена со изгореници од прв степен се пренесени во свесна состојба во Општата болница во Солун.

Полицијата го уапси 86-годишниот сопственик на куќата, а надлежните органи ги истражуваат причините за несреќата.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Полицијата на Истра уапси Германец: снимал голи деца со рачен часовник

Објавено пред

Истарската полиција приведе германски државјанин (31), кој е обвинет за експлоатација на деца за порнографија откога е откриено дека снима голи деца на плажа со рачен часовник со интегрирана камера.

dobivaj vesti na viber

Граѓаните ја известиле полицијата во вторникот околу 18 часот кога забележале дека мажот снима деца со рачен часовник. Полицијата ги претресла неговите простории, автомобилот и друга техничка опрема и пронашла инкриминирачки снимки. Еден ден подоцна тој бил предаден на притворската единица на Полициската управа на Истра со кривична пријава.

„Полицијата апелира до родителите да ги следат своите деца и да гледаат каде се и што прават на плажа. Облечете ги вашите деца во костими за капење, а доколку забележите сомнително лице што снима деца, веднаш известете ја полицијата на 192“, велат од полицијата додавајќи дека ваквите акции покажуваат дека јавноста е сè повеќе свесна за проблемот со снимањето деца и дека препознавањето на сомнителното однесување овозможува навремен одговор и апсење на сторителот“.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Словенците воведуваат скратена работна недела за оние што се блиску до пензија

Објавено пред

Од 1 јануари 2026 година во Словенија делумно ќе стапи во сила закон кој претставува вистинска револуција на пазарот на трудот. Освен зголемување на надоместоците за невработеност и јавни работи, како и олеснување на пристапот до пазарот на трудот за младите, студентите, но и пензионерите, законот ќе им овозможи на лицата што се блиску до пензија да ја намалат работната обврска.

dobivaj vesti na viber

Конкретно, работниците постари од 58 години, како и оние со најмалку 35 години работен стаж, практично ќе може да изберат помеѓу слободен петок или скратен работен ден во траење од шест часа, потврдија од Министерството за труд, семејни и социјални прашања и еднакви можности за словенечките медиуми.

Според моделот наречен 80-90-100, што значи 80 отсто работно време, 90 % плата и 100 % уплатени придонеси – Словенија делумно ќе ги преземе искуствата на земји како Исланд, Ирска и Германија. Во овие земји ваквите закони довеле до позитивни ефекти, како зголемена продуктивност, помалку отсуства од работа и поголема ефикасност. Словенците веќе имаат неколку пилот-проекти, претежно во технолошки компании, кои покажале слични резултати.

Од Министерството за труд најавија дека, доколку измените се покажат успешни, ќе се оди во насока на дополнителна либерализација на прописите. До крајот на 2028 година се очекуваат и промени, како додаток за работа во сабота, задолжителен божиќен бонус за сите вработени, па дури и воведување 38-часовна работна недела.

Во оваа прва рунда на измени донесени се и други мерки. Така, од 2026 година невработените Словенци ќе имаат повисоки надоместоци за невработеност. Максималниот износ што ќе го примаат во првите три месеци по отказ или раскин на договорот за работа ќе изнесува 130 проценти од просечната минимална бруто-плата во државата, што моментно е нешто повеќе од 1.660 евра. Ако ни по три месеци, не најдат нова работа, ќе имаат право на 110, па 100 отсто, па сè до 70 проценти од просечната минимална бруто-плата.

Значајни промени и зголемени надоместоци ги очекуваат и учениците, студентите и учесниците во јавни работи, кои покрај повисоки минимални часовни тарифи, ќе имаат и подобрени работни услови. Планирани се и стимулации за вработување невработени лица постари од 59 години во износ од 40 проценти од месечниот нето-надоместок, а оваа категорија ќе има право на зголемен број дозволени часови за привремена или повремена работа. Месечното ограничување за работа на пензионерите се зголемува од 60 на 85 часа месечно, соодветно со зголемување на максималниот годишен приход.

Законот на крајот беше усвоен по итна постапка бидејќи неговото донесување беше услов за повлекување 140 милиони евра европски средства за оваа цел.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Либанската влада го поддржа американскиот план, луѓето на Хезболах ја напуштија седницата

Министерот за информации на Либан објави дека владата ги одобрила целите на американскиот предлог за разоружување на Хезболах до крајот...

Hitech1 час

„Опен АИ“ го претстави „Чат ГПТ 5“, дава поточни одговори за медицината, науката, финансиите

Компанијата „Опен АИ“ денес официјално го претстави својот долгонајавуван модел на вештачка интелигенција „ГПТ-5“, кој сега е достапен бесплатно за...

Македонија16 часа

Германски државјанин протеран од државата: на натпреварот Шкендија-Карабаг во Скопје веел знаме „Голема Албанија“

По извршена идентификација и поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка процесуираше државјанин на Германија за кривично...

Македонија16 часа

Одложени активности на отворено: Министерството за здравство со препораки поради најавите за високи температури

Министерството за здравство информира дека во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во периодот од 8...

Македонија19 часа

Забрана за движење во шумите до крајот на август, за прекршителите казна до 2.000 евра: Владата ја продолжи кризната состојба од 30 дена

На владината седница е донесена одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена. Со ова продолжување, како...

Македонија19 часа

Трговците да ги намалат цените на училишниот прибор пред почетокот на школската година, одлучи Владата

Владата на 100. седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10...

Топ19 часа

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско: со возилото излетале од патот

Вчера околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски...

Македонија20 часа

„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено...

Македонија21 час

Злато во багаж и ботокс во торба запленети на граница

Царинската управа информира дека при контроли на неколку гранични премини се спречени обиди за криумчарење различни производи, меѓу кои златен...

Македонија21 час

Синдикатот на новинарите бара зголемување на минималната плата: социјалниот статус на медиумските работници во земјата е на многу ниско ниво

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во време на општата дебата за висината на минималната плата недвосмислено е за...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на...

Македонија23 часа

Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија...

Свет1 ден

Зеленски ги објави петте приоритети за украинската одбрана – 50 отсто домашно оружје на фронтот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги претстави петте клучни приоритети на Министерството за одбрана, меѓу кои се зголемување на учеството...

Свет1 ден

Рубио: САД имаат појасна слика за условите на Русија за крај на војната во Украина

САД имаат подобро разбирање за условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот...

Свет1 ден

Трамп: 100 проценти царина за чипови, освен за оние што сакаат да го префрлат производството во САД

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат...

Свет1 ден

Се појави писмо од Вуди Ален до Џефри Епштајн: Откриени детали за тајните вечери

Познатиот режисер Вуди Ален му испратил роденденско писмо на Џефри Епштајн додека тој сè уште беше жив, во кое детално...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...

Македонија1 ден

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување...

Топ2 дена

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за...

Македонија2 дена

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое...