Европа
AfD: Исламот не е компатибилен со уставот на Германија

Евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (Alternative für Deutschland – AfD) оцени во неделата дека исламот не е компатибилен со германскиот устав и вети дека за две седмици на партискиот конгрес ќе побара забрана за подигнување на минариња и за носење бурки, традиционална муслиманска облека која го прекрива лицето и телото на жената.
AfD, којашто оствари добри резултати на трите регионални избори одржани во март, во чија позлата оди сé пораширеното ставување во Германија како земјата се справува со мигрантскиот енормен прилив, особено од муслиманските земји, со повеќе од милион баратели на азил само во минатата 2015 година.
„Исламот самиот посебе е политичка идеологија којашто не е компатибилна со уставот,. Сакаме да се забранат минарињата, муезините и бурките“, изјави потпретседателката на AfD, Беатрикс фон Строх, која е членка на Европскиот парламент, во разговорот за весникот Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung.
Конзервативците од Унијата CDU/CSU на германската канцеларка Ангела Меркел, исто така, повикаа на забрана на носењето бурка, велејќи дека целосната покриеност на телото, што го практикуваат некои муслиманки и во Германија, не би требало да стане практика во јавноста. Тие, меѓутоа, не рекоа дека исламот е некомпатибилен со германскиот устав.
Подемот на AfD, се совпаѓа си јакнењето на другите европски партии од крајната десница кои се противат на неконтролираното доселување во Европа, како што е Националниот фронт (FN) во Франција, го разби центристичкиот консензус кој го постигнаа конзервативците и социјалдемократите кои ја формираа пред неколку години ткн „голема влада“ во Германија.
Во март, партијата AfD освои дури 24 отсто од гласовите во покраината Горна Саксонија, надминувајќи ја дури и најстарата германска партија Социјалдемократската партија на Германија (SPD).
Десничарската Алтернатива за Германија (AfD) чијашто програма во најголема мера во последниот период покрај на напуштањето на еврото повеќе се заснова на противење на мигрантските политики на Меркел, основана во 2013 година, имаше силини изборни настапи и во другите покраини.
Подемот на оваа партија е контроверзен, оцени вицеканцеларот и челник на SPD, Зигмар Габриел, според кој германската десница предводена од AfD го користи јазикот сличен на оној во хитлерова Германија.
Меѓутоа, ваквите обвинувања и критики воопшто не ги поколебаа челниците на партијата во нивните противења кон миграциските политики кои сега се спроведуваат во Германија.
„Исламот не е религија како католичкото или протестантското христијанство, туку е пред сé, интелектуално поврзувана со преземањето на државата. Тоа е причината поради која исламизацијата на Германија е опасна“, изјави Александар Гауланд, кој го води AfD во регионот Бранденбург за Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Германскиот министер за одбрана: Разговорот Трамп – Путин беше неуспешен

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го критикува телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин нарекувајќи го промашен.
Писториус овие изјави ги даде во програма на ЗДФ. Руските напади врз украинската инфраструктура „не престанаа по овој наводно голем телефонски повик“, рече Писториус.
„Путин игра игра овде и сигурен сум дека американскиот претседател нема да може долго да остане пасивен“, рече тој. Писториус исто така изјави дека ќе дојде време кога Трамп „ќе реагира, ќе мора да реагира“ за да ги зачува „силата и престижот“ на САД.
Разговорот меѓу Трамп и Путин се одржа синоќа и не резултира со целосен 30-дневен прекин на огнот, како што предложија Американците. Сепак, Путин се согласи на привремена пауза во нападите врз енергетската инфраструктура. На тоа се согласи и Киев. Но, денеска веќе се случија напади од двете страни.
Германскиот министер Писториус рече дека е грешка да се исклучи Европа од разговорите меѓу Трамп и Путин бидејќи „на крајот, мирот, ако дојде, мора да биде обезбеден и на европска почва“.
Трамп го пофали разговорот со Путин како многу добар и продуктивен.
Европа
(Видео) Украинците објавија снимка од напад: „Значи, вака изгледа паузата на Путин во нападите?“

Русија синоќа изврши напад со дрон врз електроенергетскиот систем што ја напојува железницата во регионот Днепропетровск во централна Украина, соопшти украинската државна железничка компанија „Укржализиница“.
Делови од железничката мрежа останаа без струја, но сообраќајот не беше во застој, додаваат тие. Откога службите за итни случаи пристигнаа на местото на нападот, Русија го изведе вториот напад познат како double-tap – двоен напад, велат од „Укржализиница“ додавајќи дека нема жртви.
So this is what “an immediate ceasefire on all energy and infrastructure” looks like?
At 1:20 AM, Russia struck @Ukrzaliznytsia‘ energy facilities in Dnipro region—twice, even as firefighters and a rescue train worked. Some railway sections lost power, but trains keep running. pic.twitter.com/yuxODT2iBP
— Ukrainian railways || Укрзалізниця (@Ukrzaliznytsia) March 19, 2025
„Значи, вака изгледа пауза во нападите врз енергетската инфраструктура“, додаваат, алудирајќи на вчерашниот договор на рускиот претседател Владимир Путин да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура на 30 дена.
Кремљ објави дека Путин се согласил на ограничен прекин на огнот и веднаш издал наредба до војската да престане да ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура на 30 дена.
Европа
(Видео) Русија гранатира болница во Украина, спасувачките служби ги евакуираат пациентите

Руски напад врз болница во североисточниот украински регион Суми принуди евакуација на 147 пациенти, вклучително и девет лица со ограничена подвижност, соопштија украинските власти.
Снимките објавени од Државната служба за итни случаи на Украина во Суми покажуваат оштетена медицинска установа и моментот кога пациентите се евакуирани од погодената зграда. Спасувачките екипи бргу реагираа и го изгаснаа пожарот што избувна по нападот.
Во експлозијата е оштетен и блискиот детски медицински центар, но нема повредени. Во меѓувреме, Русија објави дека нејзините сили ја презеле контролата врз четири населени места во регионот Курск, а Москва продолжува да се обидува да ги потисне украинските трупи, кои држат значителен дел од територијата во регионот по упадот во август минатата година.
Украинските власти претходно објавија дека борбите во регионот Курск сè уште траат, особено во Суџа и околните области.