Европа
Меј негира дека стратегијата за Брегзит е „збунета“, Старџен порачува дека не е можен без Шкотска
Британската премиерка Тереза Меј изјави во неделата дека ќе ја претстави стратегијата за излегувањето на Велика Британија од Европската унија во текот на следните седмици, отфрлајќи ги тврдењата дека во потрагата, како што рече, правниот однос со ЕЅ делувала збунето, додека нејзината шкотска колешка по должноста Никола Старџен порача дека е неприфатливо за Шкотска да не е упатена во тие планови.
Британската премиерка Тереза Меј досега не сé погласните повици особено од деловниот свет, пратениците и опозициските челници дека треба да им ги обелодени деталите од својата стратегија за напуштање на Европската унија, нудејќи речиси ништо освен ветувањата дека ќе го договори најдобриот можен договор за напуштањето на блокот од страна на Велика Британија.
Повтори дека едно од клучните прашања на двете страни од дебатата за ЕУ е дали зауздувањето на имиграцијата во Велика Британија ќе биде поголем приоритет од пристапот кон единствениот европски пазар, ни е „двојајчен избор“, додавајќи дека Британија нема да задржи „парченца“ од европското членство.
„Пред покренувањето на членот 50 (од Лисабонскиот договор за условите за истапување на членка од ЕУ – з.р.), во наредните неколку седмици ќе обелоденам повеќе детали за стратегијата за излегување од ЕУ. Она што сакам да го кажам е дека е погрешно да се мисли дека мораме да избереме дали ќе имаме контрола над имиграцијата или добар трговски договор“, порача Меј.
Европските челници тврдат дека Велика Британија не може да има пристап до заедничкиот пазар со околу 500 милиони потрошувачи, без да го прифати начелото на слободното движење на луѓето.
Истовремено во неделата шкотската премиерка Никола Старџен изјави дека многу малку знае за роковите за излегувањето од ЕУ, што го нарече „неприфатлива“ ситуација шест месеци откако гласачите во Велика Британија се изјаснија за излегувањето.
Како челник на Шкотската национална партија (SNP),Старџен пред референдумот водеше кампања за останувањето на Обединетото Кралство во ЕУ и шкотските избирачи се изјаснија за останување во ЕУ, како и во Северна Ирска, додека Англија и Велс со своите повеќе гласачи го одредија излегувањето.
Страџен за BBC изјави дека британската влада во преговорите со Брисел треба ада се постави за да постигне компромис со Шкотска и да ја придобие, наместо да се фокусира на прашањето на имиграцијата. „Не ја занемарувајте Шкотска“, порача.
„Се чини дека за целите на владата во преговорите денеска не знам нималку повеќе отколку што знаев пред шест месеци, покрај тоа мислам и тоа уше повеќе загрижува, дека ниту владата знае за своите преговарачки цели ништо повеќе отколку што знаеше претходно“, рече Старџен
Меј вети дека до крајот на март ќе го активира членот 50, со што формално ќе започне процедурата за раздружувње од ЕУ, но досега не открива каков договор сака.
Во новогодишната порака Меј истакна дека Британците, и покрај поделбите, ја споделуваат желбата да живеат во посилна, поправедна и побезбедна земја и вети дека ќе осигури напуштањето на ЕУ д биде поволен за сите Британци, а не само за оние коишто гласале за излегувањето./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.
Европа
Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре
82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.
Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.
Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.
82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.
Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.
Европа
Полска сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 години
Полска планира да воведе закон со кој ќе им се забрани на децата под 15 години да користат социјални медиуми и ќе ги направи платформите одговорни за проверка на возраста на корисниците, изјави министерката за образование Барбара Новацка во интервју објавено денеска, објави Ројтерс.
Владејачката Граѓанска коалиција ќе презентира нацрт-предлог со кој ќе се изрекуваат казни за платформите што остануваат достапни за помладите корисници. Новацка додаде дека законот би можел да стапи во сила на почетокот на 2027 година. „Гледаме последици за менталното здравје на децата и младите, како и пад на нивните интелектуални способности“, рече Новацка, истакнувајќи дека нивото на казните за компаниите сè уште се дискутира.
Неколку европски влади, вклучувајќи ги Данска, Грција, Франција, Шпанија и Велика Британија, разгледаа слични ограничувања поради тврдењата дека социјалните медиуми се штетни или предизвикуваат зависност кај малолетниците. Владата на Велика Британија објави во јануари дека разгледува ограничувања за заштита на децата на интернет, откако Австралија спроведе слични закони во декември.
Иницијативата би можела да ја доведе Варшава во конфликт со американските технолошки компании како „Мета“ или „Икс“ на Елон Маск. Некои од тие компании се спротивставија на ограничувањата откако Австралија воведе забрана минатата година.

