Европа
Рахој: Откажувањето на Каталонија од референдумот е одлична вест
Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави во вторникот дека откажувањето на референдумот за независноста на покраината Каталонија кој нејзината влада требаше да го одржи на 9-ти ноември е „одлична вест“, и изрази желба сепаратистичката покраина сега да започне дијалог со Мадрид.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави во вторникот дека откажувањето на референдумот за независноста на покраината Каталонија кој нејзината влада требаше да го одржи на 9-ти ноември е „одлична вест“, и изрази желба сепаратистичката покраина сега да започне дијалог со Мадрид.
„Тоа е одлична вест. Почитување на законот е обврска на сите“, изјавил во вторникот претседателот на конзервативната влада на Шпанија, Маријано Рахој, јавува AFP. Ова е реакција на шпанскиот премиер на одлуката на каталонската влада којашто во понеделникот навечер објави дека го суспендира референдумот.
Шпанскиот уставен суд на 29-ти септември дека референдумот што го предвиде Каталонија е неуставен, меѓутоа и покрај таквата одлука до понеделникот каталонската покраинска влада планираше на 9-ти ноември да го одржи со што би го прекршила законот.
Партијата Esquerra Republicana de Catalunya, којашто ја заговара независноста и ја поддржува регионалната влада на каталонскиот претседател Артур Мас, објави дека ќе ги разгледа другите опции за остварување на идејата Каталонија да стане независна. Мас ќе им понуди „консултации на граѓаните“, изјавил портпаролот на партијата за Reuters.
На конференцијата што ја организираше Financial Times, шпанскиот премиер Рахој изјави дека сега „треба да се свртиме кон иднината“ и посака Мадрид и Каталонците да започнат дијалог. „Многумина се оние кои од длабочина на срцата сакаат да живеат заедно“, рече Рахој.
Каталонија, е најсилната финансиски покраина во Шпанија со 7,5 милиони жители, која има одреден степен на автономија. Меѓутоа последните години откако земјата западна во тешка финансиска криза. Каталонија се побуни, бидејќи покрај нејзината голема задолженост, нејзиниот удел е најголем во шпанскиот БДП, но не и’ се враќа рамномерно. Со тоа силно се зајакнаа вековните тенденции за независност.
Како што е најавено, Арур Мас, претседател на каталонската влада и на најсилната партија меѓу четирите кои го заговараат референдумот за независност, подоцна во вторник треба да изнесе кои се другите опции за иднината на Каталонија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

