Регион
Додик: Референдумот беше за прослава на Денот на Република Српска, а не за статусот

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик изјави дека вчерашниот референдум за прославувањето на Денот на Република Српска ќе влезе во историјата и дека граѓаните потврдиле оти 9-ти јануари ќе се прославува и во иднина како Ден на Република, пренесуваат српските медиуми.
„Република Српска со гласањето не сакаше да загрози никого, властите на РС заедно со опозицијата донесоа одлука за одржување на референдумот“, изјавил Додик во Собранието на РС, потсетувајќи дека ова е прво вакво одлучување по Дејтонскиот мировен договор.
Рекол дека ова е законско право на Република Српска и дека особено е горд на фактот што референдумот поминал без инциденти.
„Српскиот народ покажа политичка зрелост и политичка одлучност. Дефинитивно имаме позитивни резултати од референдумот, излезноста е сосема доволна и во согласност со законот. Според прелиминираните податоци сосема е мал бројот на оние кои гласале спротивно од „да““, рекол Додик.
На прашањето дали овој референдум бил за осамостојување на Република Српска, тој истакнал дека се гласало за прославувањето на Денот на РС, а не за статусот и дека референдумот не се одржал „од инает“, туку бил реакција на акциите кои претходно биле направени.
„Република Српска нема од што да се плаши, одиме натаму и работиме по нашиот план и програма“, потенцирал Додик.
Истовремено му порачал на бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), дека е најубаво денес да молчи. Според Додик, во случај БиХ да се врати на она што е напишано во Уставот, ќе се загубат сите причини за протести поврзани со статусот на ентитетите во земјата.
„Дали ќе одлучиме или не, е наше право и не треба никој друг да ни создава обврски. Ние сакаме БиХ да се врати на она што е напишано во Уставот и тогаш се губат сите причини за протестите поврзани со статусот“, додал Додик./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.