Свет
Столтенберг верува дека САД ќе останат силно ангажирани во НАТО, реагира и ЕУ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е убеден дека новата американска администрација ќе остане ангажирана во Северноатлантската алијанса, изјави портпаролката на сојузот, Оана Лунгеску.
„Генералниот секретар има апсолутна доверба дека САД под претседавањето на Доналд Трамп ќе останат силно ангажирани во НАТО“, изјави Лунгеску додавајќи дека силен НАТО е добар за САД и добар за Европа.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во заедничкото интервју за германски Bild и британскиот весник The Times изјави дека „НАТО е застарен бидејќи е осмислен пред многу години и бидејќи не се занимавал со тероризмот“.
Исто така, рече дека земјите членки на НАТО, не трошат доволно на одбраната. Од 28-те членки, само пет од нив – САД, Естонија, Грција, Полска и Велика Британија, издвојуваат за одбраната најмалку 2 отсто, што е цел која им е препорачана на сите членки.
Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнамер, кој во понеделникот утрото во текот на работниот појадок разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави да изјавите на Трамп во врска со Алијансата се примени со загриженост.
И во Европската унија изјавите на Трамп предизвикаа загриженост. Новиот американски претседател, меѓу другото, изјави дека Велика Британија имала причини да ја напушти ЕУ, како и дека можеби ќе ја следат и други членки на ЕУ и оти со неа доминира Германија.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ејрол, изјави по доаѓањето на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, дека „единството на Европа е најдобриот одговор на изјавите на Трамп.
„Најдобриот одговор на интервјуто на избраниот американски претседател е единството на Европејците“, рече Ејрол.
Портпаролот на Европската комисија, Маргатитис Шинас, на прашањето да го коментира интервјуто на Трамп, одговори дека „го прочитавме со интерес./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шесткатница се урна во Турција, седум лица под урнатините
Шестокатница се урна во Коџаели, недалеку од Истанбул, а според турските медиуми, седум лица се заробени под урнатините.
Полициски, противпожарни и медицински екипи се на местото на настанот и во тек е спасувачка акција.
Постојат информации дека во зградата живееле две седумчлени семејства, засега не е познато дали сите биле внатре во моментот на уривањето, изјави градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз.
Причината за уривањето сè уште не е позната, спасувачките екипи се на терен.
Фото: принтскрин
Свет
Захарова: Европа се движи кон самоуништување
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Европа се движи кон самоуништување, кое, како што рече таа, е „поочигледно од кога било“.
„Доколку немаше потврда пред некое време, кога зборуваа за тоа дека Европа е турната кон самоуништување, вклучително и преку конфликти со нејзините азиски или евроазиски соседи, можеби некој би рекол дека тоа не е очигледно. Денес не може да биде поочигледно“, изјави Захарова за Спутник.
Според неа, падот на Европа може да се види преку големите воени буџети и милитаризацијата, осиромашувањето на западноевропските економии, губењето на културните референтни точки и поддршката за сопствената историја, како и преку „монструозната миграциска криза“, објави РИА Новости.
Фото: принтскрин
Свет
Туск го обвини Орбан дека е „фасциниран од Москва“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно се најде на мета на критики во рамките на Европската Унија, откако полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговиот колега е „фасциниран од Москва“ и дека сака да ја обликува Унгарија по моделот на Русија.
„Орбан неодамна изгледаше фасциниран од Москва и сега верува дека би било подобро да се изгради државен модел донекаде по моделот на Русија“, рече Туск, според Гардијан.
Унгарскиот премиер постојано го критикуваше ставот на Брисел кон Москва, нарекувајќи ја неподготвеноста на Европската Унија да започне преговори со Русија „катастрофална грешка“. Според него, мирот во Европа не е можен без дијалог со Кремљ, што е став што предизвикува остри поделби меѓу членовите на Унијата.
Во исто време, „Политико“ пишува дека Будимпешта се обидува да формира сојуз на држави кои се скептични кон продолжувањето на безусловната поддршка на Украина, што дополнително ги зголеми тензиите во рамките на ЕУ.
Орбан, кој долго време е во конфликт со Брисел околу прашањето за санкциите против Русија и миграциската политика, останува еден од ретките европски лидери кои отворено повикуваат на „нова архитектура на безбедноста во Европа“, во која Русија би имала свое место.
Фото: принтскрин

